Почна Октоберфест, најголемиот народен панаѓур на светот
17 септември 2016Реклама
„О'цапфт ис!“ - со овој традиционален извик денеска напладне почна најголемиот народен панаѓур на светот.
Овој 183. Октоберфест ќе трае до 3 октомври. Се очекуваат околу 6 милиони посетители од цел свет.
Во 14 големи и многу мали шатори ќе се слави непрекинато. Постојани придружници: переци, колбаси и пиво.
Октоберфест годинава се одвива под зајакнати безбедносни мерки, по нападите од последните месеци. Баварскиот премиер Хорст Зехофер од овој Октоберфест очекува:
„Да остане радосен, како што е на овој прв ден, да биде мирен, сметаме дека ќе биде така, и во наредните денови да имаме подобро време.“